Дамјан Дренковски: Последниот денар би го дал за ново патување!

damjan 2

Дефинитивно најголема страст ми се патувањата. Секогаш се водам по онаа народната, „секое патување – ново доживување“, па затоа се обидувам максимално да го искористам времето поминато во друга земја, во друг град, во друго место за да дознаам што повеќе за тамошниот живот, навики и култура.

damjan 3

Пред секое патување задолжително истражувам на интернет за тоа кои места треба да ги посетам, читам оценки од патници кои поминале пред мене и нивни сугестии за да си го направам моето патување што поинтересно.

Верен сопатник ми се патиките, очилата за сонце, шишето со вода и мобилниот телефон на кого имам безброј фотографии од патувања. Голема страст, покрај патувањата, ми се и дигиталните гаџети. На мојот Ајфон имам неколку апликации за фотографирање, па пасијата за сликање ми е поедноставена, бидејќи во денешно време мобилниот телефон е се освен телефон. Во моментите кога останувам без батерија, тука се моите друагари Павле и Мартин кои со нивните професионални фотоапарати не дозволуваат да испуштат битен кадар со мене.

damjan 1

Последниот денар секогаш би го дал за ново патување бидејќи тоа е она што останува. Се друго е минливо.

x

Check Also

Сите страсти на Мелита Ракичевиќ

Страста е чудна ексклозија на чувства, сила која ме движи, која ме ...