Денот на ангелите во Лондон

Секако знаете дека не станува збор за некој религиозен празник, туку за денот кога во Лондон ќе се одржи долгоочекуваното шоу на Викторија сикрет.

Откако завчера се „спуштија од облаците“ во Лондон, англите се постојано во фокусот на интересот на фотографите и новинарите како и на целата јавност.

2014 Victoria's Secret Fashion Show - Bond Street Media Event

Ангелите испраќаат бакнежи до сите свои обожаватели

Викторија сикрет (Victoria’ Secret) за првпат го одржува шоуто во Лондон и може да се каже дека изборот на локацијата е вистински погодок. Во Лондон „врие“ од ѕвезди кои се дојдени да го видат шоуто – можеби е полесно да се набројат тие што не се тука. Вечерва, сите овие избрани гости ќе имаат шанса да го видат шоуто кое, сега може да констатираме, ќе ја обележи годинава во модниот свет. А за да може да го посетат што повеќе љубители на долна облека и убавина, ќе се одржат две ревии еднаподруга. Нетрпеливи сме да ги видиме првите фотографии и да ги слушнеме информациите од овој гламурозен настан.

Викторија сикрет  е извонредно успешна компанија со продажби од 6.6 милијарди долари годишно. Секако дека долната облека е квалитетна, но сепак во бизнис круговите оваа фантастична бројка се препишува како заслуга на 5-6 топ модели – кои се вистински ангели во својот изглед, но се ангели и за компанијата.

vsshop

Еве ги неколкуте најзаслужни кои за една година и донесоа 6.6 милијарди долари на Викторија сикрет.

 

И додека го очекуваме денешното шоу, уживајте во атмосферата од минатогодишниот спектакл на Victoria’ Secret.

 

x

Check Also

Поглед одблизу на пролетната колекција на C&A

Ги сакате пастелните бои? Тогаш ќе ја обожавате новата колекција на C&A. За ...