Дизајнерката Тања Кокев со бајковита пред-колекција на венчаници за 2015

Пред-колекцијата на Кокев ги најавува венчаниците за 2015 година.

k999

Колекцијата се состои од шест модели, а секој модел е претставник на својата под-колекција.

k765

„Бев за нијанса посмела и овојпат создадов колекција венчални фустани кои се богати и во крој и во ткаенина. Станува збор за богати кроеви работени со уште побогати тантели што ги донесов за првпат на пазарот во Македонија, а воедно се нови и на светскиот пазар. Се работи за многу специфична тантела која во основата е нежна пајажина, а дополнително во совршени дизајни е аплицирана со тенка 5мм сатенска лента свиена во најразлични форми. Тоа е одличен 3-Д ефект кој дополнително потенцира раскош“, објаснува Тања Кокев.

k543

k99

Идејата била да се прикаже една бајка, сликите да бидат како излезени од таа бајка, девојката да биде повеќе како нацртана кукла отколку реална невеста.

k234

k34

„Се требаше да биде некако магично, преубава девојка во уште поубава шума, градина. Мислам дека дел од светските трендови ги покажав токму преку оваа пред-колекција во која доминира раскошот и богатата тантела“, додава Кокев.

k08

Инаку, следната ревија за венчални фустани се планира кон крајот на годинава, а ќе бидат претставени сите шест пред-колекции од Кокев венчаници за 2015 година.

 

 

x

Check Also

Нови модни изгледи од Зара за егзотично лето

Шпанската модна марка неодамна го објави летниот трендовски моден водич фокусирајќи се ...