Доброто момче на американската мода: Томи Хилфигер

Го нарекуваа Ралф Лорен на новата генерација, но набргу се избори за својот пат во светот на модата. Правејќи успешни машки и женски колекции, домашен декор и унисекс-парфем, Томи Хилфигер стана моден гуру на 90-те години и најинтересна појава што го погоди светот на модата на таа деценија.

tomi 1

Уште како дете најмногу време поминувал проучувајќи ги поп- и рок-музиката. Освен извесниот шарм наследен од татко му, јувелир и произведувач на часовници, посебен талент за музика не поседувал. Додека сè уште бил во средно училиште, почнал да работи во една продавница за облека, продавајќи џинс. Набргу го вложува тоа што го заштедил, 150 долари, па во Њујорк купува 20 пара фармерки, ги носи во родниот Елмир и отвора своја прва хипи-продавница, со име „Народно место“ (People´s Place). Уште немал полни 26 години кога од една продавница направил синџир од седум продавници, раширени низ државата Њујорк. Овој синџир Хилфигер го водел десет години, а потоа дошло до финансиски крах и Хилфигер банкротирал.

Хилфигер никогаш не посетувал дизајнерско училиште, но почнал да експериментира во модниот дизајн уште во текот на раните 70-ти години, додека сè уште ги водел продавниците. До 1979 ја продал фирмата и се преселил во Њујорк. Почнал да работи хонорарно, а во текот на следните 5 години работел за азискиот текстилен могул „Мурџани“. Мурџани и Хилфигер во 1986 година поставиле билборд на Тајмс сквер во Њујорк, кој го прогласувал Хилфигер, иако едвај познат, за еден од четирите најголеми американски дизајнери на машка мода. Само во првата година машката колекција на Хилфигер заработила пет милиони долари, а во втората заработка била двојна. До 1990 година приходите ја достигнале сумата од 25 милиони долари, а до 2004 година компанијата вработила 5.400 работници и заработила речиси две милијарди. Компанијата во 2010 година ја купила компанијата ПВХ, една од најголемите во индустријата на машки кошули, која е сопственик и на други познати брендови како што се Кенет Кол, Мајкл Корс и Келвин Клајн.

Колекција есен/зима 2013/2014

Колекција есен/зима 2013/2014

Според американските медиуми, Томи Хилфигер е добро момче на американската мода. Овој имиџ славниот дизајнер го стекнал пред сè со своите филантропски дела, паричните донации и продажбата на облека во хуманитарни цели.

tomi 3Им помага на голем број здруженија за лечење некои болести и на фондовите што им даваат поддршка на семејствата со мали примања. За себе вели дека би сакал да биде важен американски дизајнер. Со бизнисот вреден 600 милиони годишно многумина го сметаат за многу важен. Сепак, неговата популарност во масовната мода всушност зборува и за нешто спротивно, дека тој веќе и не е толку иновативен и дека заситеноста на пазарот со овој бренд го донесе и мислењето дека е малку ретро во урбаните средини, каде што младите постојано бараат нешто ново и поинакво. Сепак, Вол стрит и понатаму негува ентузијазам кон акциите на оваа компанија. Челниците на компанијата се надеваат дека ќе останат на врвот и ќе го прошират работењето и на другите континенти.

Томи Хилфигер се женел два пати, со првата жена има 4 деца, а со втората едно. Живее во својата вила со 22 соби во Конектикат.

С. Спасиќ

x

Check Also

Есенски модели на чевли од & OTHER STORIES за сите вкусови

За есенската сезона &Other Stories ни предлага неколку модели на чевли кои ...