Две ефикасни напивки против кашлица

Често во постудените денови не мачи кашлицата. Ако и кај вас тоа е случај, пробајте ги овие два делотворни домашни рецепти.

Против кашлица

Сварете 250 мл млеко, оставете малку да се излади и потоа додадете во него лажица путер и лажица мед. Убаво измешајте, па додадете 1 изматена жолчка од јајце и четвртина лажичка сода бикарбона.

Оваа напивка не само што ја лекува кашлицата туку е полезна и при бронхитис и ларингитис кај деца и возрасни. Природниот лек се зема пред спиење најмалку 5 дена. За возрасни – 1 мала лажица, а за деца половина доза.

За исфрлање на шлаем

Загрејте ги заедно следниве состојки – 2 лажици маслиново масло, 2 лажици сок од лимон, 2 лажици вода и 1 лажица мед.

Оставете смесата да се излади и испијте ја во текот на денот – половина од неа наутро, а другата половина навечер.

x

Check Also

Доктор Валентина Крстеска објаснува: Како до трајна загуба на вишокот на килограми

„Неинвазивната липосукција е диетотераписки третман наменет за редукција на телесната тежина и ...