Џенифер Лопез поубава од било кога на насловната на јануарскиот Селф

Од списанието  Селф велат „Зошто уште сега може да кажеме дека 2015-та е година на Џеј Ло? Со два нови филма, ново ТВ шоу, многу други најавени ангажмани  – и свеж поглед на животот, мега ѕвездата не се чувствувала ниту изгледала подобро од сега!“

Според она што може да се види, Џенифер Лопез е во топ форма. Тело на кое ќе и позавидат и двојно помлади од неа (Џенифер има 45 години и е мајка на две деца), со цврст карактер, професионалност, посветеност и ведар дух.

jlo-self-0

Актерката и пејачка својата кариера ја започна како танчерка во групата Флај Грлс (Fly Girls).

„Јас сеуште првенствено се чувствувам како танчерка.“ – вели таа. Според начинот на живеење би рекле дека таа во основа е спортист, атлет. Таа приоѓа на животот со ист интензитет на енергијата, како оној што и дава печат на нејзината кореографија. Не сака ништо да сработи половично и го дава и последниот атом од себе да направи најдобра кореографија, да ја изигра најдобро улогата, да ја испее најдобро песната и да го живее животот со полни гради. Потребно е многу време и порстор да се набројат сите активности, успеси и предности на Џенифер.

Но, не ни е целта да ја напишеме биографијата, ниту да го прераскажеме интервјуто на Џеј Ло за Селф. Да завршиме како што спомнавме во насловот – Џенифер Лопез е на насловната страница на јануарскиот број на списанието Селф и никогаш не изгледала поубаво!

jlo-self-1

Кој би рекол дека е мајка на две деца и дека има 45 години

jlo-self-2

Џенифер Лопез – во топ форма. 2015-та е нејзина!

x

Check Also

Ники Минаж ја најавува есенската мода во чудесно издание

Може да ја замислите до толку елегантна? Во вакво издание не сме ...