Ѕвездениот моден свет на Даниела Ѓуровска

Даниела Ѓуровска е модна блогерка (www.fashionlabdna.wordpress.com) и воедно млада модна дизајнерка која студира на Технолошко Металуршиот факултет. Оваа година традиционално на Технолошко Металуршкиот факултет  се одржа модна ревија во која за прв пат таа се покажа во улога да дизајнер.

sli 22

Темата на ревијата беше „Иднината е денес”.  Даниела како инспирација ја зеде галаксијата која ја долови со рачно боење на материјалот.

sli 88

Накитот пак беше изработен од безопасни игли кои беа прикажани во една друга димензија.  Интересен е фактот што за реализација на модните додатоци беа употебени околу 2.000 парчиња безопасни игли. Самата колекција има футуристички карактер што беше предизвик  за Даниела да се направи нешто необично.

sli 11

Инаку, ова е прва ревија на Даниела  каде беа изреализирани 2 модели од колекцијата.

da 2

x

Check Also

Моден викенд Скопје: #Stopthetraffik (програма)

На 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд ...