Вебинар „Топ златни правила за зголемување на продажба“

Едукативна и бизнис програма на Моден викенд Скопје

Денес на  Скопски саем во рамките на едукативната и бизнис програма на Моден викенд Скопје, поддржана од  најсовремената технологија на CISCO Systems TM, ќе се одржи видео конференција (вебинар)  на која основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон ќе одржи предавање и менторски сесии.

Тиери Бајле

Тиери Бајле

Бајле кој ќе зборува на темата „Топ златни правила за зголемување на продажба“  повеќе од  две децении се занимава со консултантство од областа на модниот бизнис. Неговото професионално портфолио вклучува клиенти како Alberta Ferretti, Calvin Klein, DKNY, DVF, Kenzo, Monnalisa, Moschino, Paula Ka, Sergio Rossi, Smalto и Versace.

На предавањето на Бајле освен  модни дизајнери ќе присуствуваат и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот кластер Македонија а индивидуални менторски сесии ќе имаат Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Јована Филиповиќ , и претставници од  „Линеа“ и „Саитис “.

Жан Бутон

Жан Бутон

Од 27 до 29 март во компанијата за едукација и поддршка на млади таленти   NewMan;s Business Accelerator во Скопје  се одржа работилница на тема „Развој на моден бизнис“  под менторство на Жан Бутон.  На тридневната работилница учествува  Емилија Норис, Ирина Тошева, Лили Кадинска ( Ле Бренд ), Мелани Димитровска, Олгица Ѓоргиева, Росица Мршиќ, Симона Ристовска и Теа Пупкова.

fw Zan Buton workshop 1

Жан Бутон кој доаѓа од Париз, има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект-менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд „Ристо“ основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски кој над две децении работи во Париз.

x

Check Also

Поглед одблизу на пролетната колекција на C&A

Ги сакате пастелните бои? Тогаш ќе ја обожавате новата колекција на C&A. За ...