Еко-акцијата на Елколект резултираше со создавање добри навики

По завршувањето на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“, показател за успешно реализираната акција на Елколект е фактот што Еко-магацините на Елколект во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Богданци и Гевгелија и по завршувањето на наградната игра се полнат со поголема динамика.

Се поголем е интересот кај граѓаните да се ослободат од својот електричен и електронски отпад и да дадат сопствен допринос кон почиста и поздрава животна средина.

Наградната игра на Елколект „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”  се одвиваше во пет општини: Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Богданци и Гевгелија, во период од 28ми ноември до 26ти декември 2016та година, а подигањето на наградите добитниците можеа да го реализираат заклучно со 31ви јануари 2017та.

На пригодни настани, во секоја од петте општини беше организирано доделување на петнаесетте вредни награди  со што се одбележа успешниот крај на наградниот караван на Елколект.

Резултатите од наградната игра беа објавени на официјалната веб страна на Елколект, како и на социјалните платформи на Елколект: Facebook, Twitter и Instagram.

Преку акцијата на Елколект, реализирана во соработка со општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци беше осмислено да се поттикнат и наградат совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад, потсетувајќи на неопходноста од зачувување на животната средина и здравјето на луѓето.

Во општините Берово и Ѓорче Петров на настаните за доделување на наградите присуствуваа и самите градоначалници кои изразија поддршка за овој начин на мотивација на совесните граѓани со наградување на индивидуалната посветеност и ангажманот кој е во прилог на семејствата, нивната најблиска околина но и на општините.

Имиња на добитници од наградната игра на Елколект „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”

 

НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА БЕРОВО

ВИД НАГРАДА ИМЕ НА ДОБИТНИК
ЛАП ТОП Тони (Мартин) Димовски
 ТЕЛЕВИЗОР Драги Мадевски
ПРАВОСМУКАЛКА Душка Фиданска

 

НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ   

ВИД НАГРАДА ИМЕ НА ДОБИТНИК
ЛАП ТОП Трајковска Снежана
ТЕЛЕВИЗОР Русевски Атанас
ПРАВОСМУКАЛКА Донев Слободан

 

НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ     

ВИД НАГРАДА ИМЕ НА ДОБИТНИК
ЛАП ТОП Надица Маџирова
ТЕЛЕВИЗОР Мите Стамков
ПРАВОСМУКАЛКА Блажо Маџиров


НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

ВИД НАГРАДА ИМЕ НА ДОБИТНИК
ЛАП ТОП Тодор Велков
ТЕЛЕВИЗОР Ангел Паласкаров
ПРАВОСМУКАЛКА Зоран Ристов

 

НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ         

ВИД НАГРАДА ИМЕ НА ДОБИТНИК
ЛАП ТОП Гургица Поповска Јовановска
ТЕЛЕВИЗОР Оливера Кофрц
ПРАВОСМУКАЛКА Валентина Лисичкова

www.elkolekt.mk ; contact@elkolekt.mk

x

Check Also

Виталиа се продава во луксузните супермаркети во Дубаи

Дубаи или „престолнината на луксузот“, како што популарно го нарекуваат овој град ...