Најдоброто од 2014: Кристина Ридер, екстравагантна уметница и дама

Каде и да се појави, со својата позитивна енергија и екстравагантен стил, Кристина Ридер го привлекува вниманието. Не само затоа што е извонредна сликарка, и не само затоа што е мултиталентирана уметница, и не само затоа што има специфичен стил. Можеби, најмногу поради тоа што – некои луѓе едноставно зрачат како сонце.

kristina1-12

Родена е во Инсбрук, Тирол, во Виена живее и работи од 2000-та година, а со сликарство почнала да се занимава од 1997 година, кога ги земала првите часови и курсеви. Потоа, продолжила сама да го развива сопствениот сликарски стил, и иако вели дека сликарството и е хоби, судејќи според бројните самостојни и групни изложби кои ги има остварено, но и квалитетниот израз, оваа дама веќе се пласира во групата на сериозни уметници.

Акварелот е техниката која најмногу ја употребува, најчесто слика природа и животни, а убавината на животот е сеприсутна и зрачи од врамените цртежи кои безмалку не проговориле, не оживеале. Оставаат длабок ефект. Таква е и госпоѓа Ридер, полна со енергија, со живот, со заразна убавина која ќе ве натера да погледнете во најубавата страна од животот, да го најдете најубавото во луѓето, одново да се вљубите во природата и да не се воздржувате да го искажете тој сопствен восхит.

Македонија ја нарекува „нејзината мала сончева држава“, би го сликала Охрид, кајчињата во езерото, охридскиот бисер, куќите изградени во карактерисстичнен стил, би го сликала и Стоби, ископините…Би насликала серија слики за сончевата Македонија и моментно, вели, токму на тоа и работи. Би сакала да направи самостојна изложба во Македонија, но сепак, транспортот на сликите претставува проблем.

kristina689

Во Македонија доаѓа често, госпоѓа Ридер е почесен граѓанин на град Скопје, а бидејќи во Виена наскоро ќе се случуваат денови на презентација на македонски вина, таа веќе работи на сончевиот вински постер. А кога сме веќе кај постерите, незаборавен е оној кој го изработила за хуманитарната изложба посветена на гладните деца од Етиопија,пред три години.

Во зависност од форматот на сликите, вградени во елегантни рамки, тие чинат од 220 до 550 евра. И вредат за секое платено евро. Зашто и ѕидовите заслужуваат радост која станува огледало на домот, преку една ваква слика.

kristinac00q

Кристина со сопругот Вилхелм

Инаку, најинспиративен уметник за госпоѓа Ридер е професорот Ернст Фукс. Од модните креатори пак, отворена е за сите модни погледи, вели. Во последно време ги обожава чантите од Гес, всушност без соодветно избрана чанта, чевли и убав накит не излегува од дома.

kristina015

Како да се напише текст во неколку реченици за Кристина Ридер. Кога таа не е само сликарка. Целата дневна соба е нејзино ателје, цело уметничко царство! Изработува прекрасен накит, на пример. Има толку многу накит што би можела да наполни цела продавница, или две. Сама ја крои и својата облека. Но не ја продава, иако многумина побарале да ја купат. Со премногу емоции е сткаена, и кога еднаш ќе се облече повеќе не може да биде туѓа.

Како да се напише еден обичен текст во неколку реченици за оваа многу екстравагантна дама, која заслужува цела една модна книга.

Ј.К.

 

x

Check Also

Егзотични и женствени модни парчиња со попусти до 50 отсто во INSPIRED BY

Во непосредна близина на средното уметничко училиште, на улица Златко Шанјдер број ...