Екстравагантните страсти на Че Гевара

Неговиот стил е стил на еден човек кој постојано изненадува. Почнувајќи од големите контрасти во однесувањето и изгледот, до материјалните работи кои ги поседувал, објаснува познатиот сликар и новинар Пако Таибо во биографијата „Без да изгуби нежност“, која важи за најкомплетна биографија за Ернесто Че Гевара.

ce 0 „Че остави силен печат на облекувањето во високите кубански кругови. Во Куба постои една лаичка форма на гледање на предметите кои ги поседувал Че. На пример, на самиот влез од „Зелената маслинка“ во еден излог стои фотографскиот апарат кој тој го поседувал, а потоа го подарил на едно списание. Посетителите застануваат пред овој исклучително скап примерок на фотоапарат, но сите од нив погледот го насочуваат горе, кон насмеаното лице на фотографијата на Че Гевара. Никој од нив не ја знае вистинската вредност на овој предмет“, пишува Таибо.

Се однесуваше како вистински принц на масата

Лина Гонзалез, стара жителка на Ломас дел Педреро, со невидена страст раскажува: „ бев негова сосетка и можев да гледам во неговиот прозорец, директно на масата на која секогаш имаше кристален сервис за јадење. На таа маса тој седеше, јадеше или пиеше кафе. Тоа го правеше толку софистицирано, неговиот однос кон храната беше повеќе од француски. Иако редовно беше сам на масата, се однесуваше како вистински принц, секое јадење го сервираше во соодветна чинија и се фаќаше за соодветна вилушка која одговара на тоа јадење“.

Во Музејот на револуцијата во Куба изложени се предмети со кои се служела војската на Гевара, меѓу кои и облеката на герилците – неколку луксузни униформи сошиени по мерка. „Луѓето навистина малку знаат за Че. Тие луксузни униформи не припаѓаа на герилците кои немаа истенчен вкус, туку беа токму негови. Че носеше сини панталони за битките, купени во Франција, а тие панталони беа секогаш беспрекорно испеглани и чисти, секогаш ганц-нови, додека на луѓето им се претставуваат искинати панталони, некоја искината и уништена уноформа која тој наводно ја носел“, објаснува Пако додавајќи дека се смешни и амајлиите кои ги претставуваат како негови талисмани кои всушност припаѓаат на некои од герилците. Че не носел таков вид на накит, а особено не носел „евтина тенекија“. Неговата вистинска страст, всушност биле скапите часовници.

Кој го украде Ролексот на Че?

ce rolexМеѓу изложените предмети има и едно пенкало од марката „Паркер“, кое му припаѓало на Че. Неговиот скап прстен бил украден и заменет со идентичен но евтин, кој денес се прикажува како оригинален. Но, можеби ниту еден предмет не е толку важен колку последниот часовник на Гевара. „Че носеше два часовника од марката Ролекс, златни и скапи. На денот на неговата смрт, војниците ги украдоа и двата. А желбата на Че беше кога тој ќе умре, да му ги зачуваат само часовниците кои треба да се пренесуваат на генерациите од неговото семејство. Таа желба тој секогаш ја повторувал пред битките, па невозможно е војниците тоа да не го знаеле“.

Еден новинар кој со години ја истражувал оваа приказна за часовниците на Че Гевара, денес во книгата на Пако тврди дека оригиналниот часовник на Че завршил на раката на полковникот Хуанка. Според други верзии пак, оригиналниот „Ролекс“ завршил кај генералот Овандо. Според трета приказна, часовникот го украл докторот кој ја правел аутопсијата на Гевара.

Бил извонреден јавач, но неталентиран за танц

Еве уште неколку страсти кои малкумина ги знаат за Че. Најмногу ја сакал својата бела кошула која ја викал „ла семанера“. Знаел да купи „носени чевли“ иако неговиот шкаф бил полн со луксузни чизми во најразлични бои кои ги менувал секоја година. Бил извонреден јавач, но неталентиран за танц. Немал никаков слух за пеење и музика, иако бил Аргентинец не можел да го разликува тангото од останатата аргентинска музика. Учел да игра танц, но бидејќи слабо му одело, секогаш кога играл поканувал грди девојки кои играат полошо од него, со што ја маскирал својата слабост. На 22 годишна возраст, отишол со својот велосипед низ Аргентина решен да ја помине целата. Велосипедот бил италијански, од марката Кучоло. Неговата прва голема љубов, која останала платонска, била неговата роднина Негрита. Нејзе и’ рецитирал поезија од Неруда.

М.Б.

x

Check Also

Сите страсти на Мелита Ракичевиќ

Страста е чудна ексклозија на чувства, сила која ме движи, која ме ...