Блогерка со широк моден дух: Елена Јаневска

Од розови фустанчиња до тренерки, а сега во свој препознатлив стил од кој не бега ни на миг.

elena 2

Детството го минала во розови фустанчиња, подоцна со огромен пресврт во тинејџерските денови и пубертетот се „навлече“ на тренерки, широки дуксови и патики.

elena 6

„Моите родители се плашеа од тој период и од помислата дека ќе останам со тој стил. Сега пак, тие се плашат од преполните ќеси со кои секојдневно влегувам дома“, вели Елена.

Има карактеристичен стил, мешавина од кежуал и уличен (стрит) стил. Најчесто ќе ја видите во чевли со ниска потпетица, не повисока од 5 сантиметри, во панталони, маички и со многу накит на себе. Нејзиното мото е „деталите го прават изгледот“.

elena 4 Со пишување на блог започнала пред две години, кога кај нас блоговите беа премалку застапени. Елена на нејзиниот блог пишува за настаните, случувањата, патувањата, фотографиите и модата. Станува збор за лајфстајл блог каде може да се прочита буквално се’ и да се погледнат најразлични фотографии. Всушност, фотографијата и ‘ е страст на оваа блогерка која секогаш во својата чанта го носи фотоапаратот.

„Блогот сега за сега ми е хоби за кое не трошам многу време. Но никогаш не се знае што носи животот, јас сум личност која не планира ништо однапред“, вели таа.

elena 3

Откако се појавија повеќе блогови, Елена ја основа страницата Маседониан Стајлбук (Macedonian Stylebook) каде што можат да се најдат сите македонски блогери кои се имаат приклучено на таа страница.

Страницата поддржува блогери од секаков ранг, од оние кои се занимаваат со мејк-ап до оние чија страст и професија им е рачната изработка.

elena 5
„Идејата за основање на Маседониан Стајлбук (Macedonian Stylebook) започна откако почнавме да се дружиме со девојките со кои не спојуваа исти интереси и мојата цел беше да се собереме на едно место. Денес, не можеме едни без други, блогот ми донесе прекрасни пријатели во мојот живот“, вели Елена.

Еден коментар

  1. blogerka moja….samo prodolzi taka..:)))

x

Check Also

Александра Тројановска: Некоја од девојките ме бутна, со главата удрив во нешто и изгубив свест

Минатиот викенд во Експо сити центарот во Тирана се одржа 43-то издание ...