Елена Спасовска со колекција инспирирана од жената од работничката класа

На второто модно шоу се претстави дизајнерката Елена Спасовска која инспирацијата за колекцијата ја наоѓа во жената од работничката класа, нејзиниот молк наспроти нејзиниот херојски став.

elena 33

„Колекцијата истражува како оваа жена минува  низ сопствената интимна револуција. Таа е инспирацијата за колективна сила. Централна тема е текстилот и текстилната индустрија.  Во колекцијата се користени природни материјали волна, памук и свила, а за прв пат во мојот дизајн ќе презентирам и кроеви од плетени материјали“, вели Спасовска за својата најнова колекција.

x

Check Also

Layers to Love: 5 есенски „кул“ изгледи од &Other Stories

Модната марка  &Other Stories ни сугерира нови свежи изгледи за оваа сезона. ...