Елколект ја доби наградата за компанија со најголем придонес во заштитата на животната средина за 2017 година од Град Скопје

Вчера, во просториите на Град Скопје, градоначалниот Коце Трајановски, ја додели наградата за компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017 година, на компанијата Елколект.

„Овој традиционален конкурс Градот Скопје го распиша на 21 март годинава и пријавувањто траеше до 16 мај оваа година во рамките на манифестацијата „Денови на пролетта – Денови на екологијата“. Ми претставува задоволство, што  оваа година, пристигнаа многу пријави од заинтересирани граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица. Целта на овој јавен конкурс е да се стимулираат и поттикнат граѓаните да се грижат за животната средина  и природата“ –истакна градоначалниот на Град Скопје Коце Трајановски

Наградата за најголем придонес во заштита на животната средина, оваа година и беше врачена на Фана Христовска – управител на Елколект

„Ова е исклучително важно признание и уште поголем поттик, компанијата Елколект, низ континуирана работа, да продолжи со едукација и  јакнење на свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на електронскиот и електричен отпад. Наградата за компанија со најголем придонес во животната средина, ќе биде донирана на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле, во Скопје“ –истакна Фана Христовска – управител на Елколект

Како колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема компанијата Елколект, своето знаење и вештини ги насочува кон воспоставување функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.

 

 

 

x

Check Also

Како да препознаете дали чантата е „фејк“ или од луксузна модна марка

До пред десетина години лесно се препознаваа по низа детаљи, денес некои ...