Елколект со награден караван одбележа успешен крај на наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“

Голем интерес од граѓаните, конструктивна соработка со општински тимови и поддршка од градоначалниците, вака тимот на Елколект ја сумираше акцијата преку која беше осмислено да се поттикнат и наградат совесните граѓани за правилниот третман на електричниот и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци. Наградната игра на Елколект „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” започна на 28-ми ноември 2016та година а заврши токму во празничниот период во времето за дарување.

el1

Фана Христовска – управител на Елколект изјави дека е задоволна од резултатот на наградната игра и од соработката со општините, посочувајќи дека ваков вид на акции е од искучителна важност за едукација и јакнење на свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на отпад со акцент на посебниот третман кон селекцијата на електронскиот и електричен отпад. Таа се заблагодари на граѓаните на петте општини кои земаа учество во наградната игра бидејќи тие директно придонесоа да се намали штетното влијание врз животната средина и здравјето  на луѓето од овој тип на отпад.

На 26ти декември 2016та награден караван на Елколект ги посети 5те општини во кои се организираше наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Богданци и Гевгелија беа домаќини на последниот ден од наградната игра и секоја од општините го одбележа на свој начин со пригоден настан на кој беа извлечени наградните купони.

el4

Во дел од општините, на овие пригодни настани присуствуваа и градоначалниците.

Сокол Митровски градоначалник на општина Ѓорче Петров се заблагодари на граѓаните на општината за учеството во селекцијата на овој тип на отпад  и ја поздрави иницијативата на Елколект за наградување на совесните граѓани. Тој истакна дека граѓаните се креатори на општината во која живеат и нивното учество во оваа акција на Елколект докажува дека свеста за потреба од еколошки чиста општина е на се повисоко ниво.

Драги Наџински – градоначалник на општина Берово се осврна на позитивната соработка со  Елколект  и го истакна своето задоволство од успешната акција, потенцирајќи го високиот степен на еколошка свест кај своите сограѓани како и разбирањето на важноста за примарна селекција на отпадот.

Извлекувањата во петте општини се одвиваа во секоја општина посебно, во простории одредени од општината а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од соодветната општина и  по еден член од Елколект.

Во секоја од петте општини беа организирани соодветни настани на кои присуствуваа и дел од учесниците. Се извлекуваа купоните добиени за оставени електрични и електронски апарати во Елколект магацините во времетраење на наградната игра. Учесниците кои присутвуваа на извлекувањето и го имаа другиот дел од купонот со извлечениот број, имаа можност веднаш да си ја подигнат наградата. Учесниците кои не присуствуваа на извлекувањата, а нивниот купон со реден број е во резултатите од извлекувањето,  имаат можност заклучно со 31ви јануари да се јават во нивната општина или во Елколект и да си ја подигнат наградата. Подигањето на наградите се врши со другиот дел од купонот – како доказ и со документ за  лична идентификација.

РЕЗУЛТАТИ ОД НАГРАДНА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”

ОПШТИНА КАРПОШ       

ВИД НАГРАДА ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ
ПРАВОСМУКАЛКА 002782
ТЕЛЕВИЗОР 002797
ЛАП ТОП 004194

 

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ       

ВИД НАГРАДА ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ
ПРАВОСМУКАЛКА 007395
ТЕЛЕВИЗОР 005258
ЛАП ТОП 006272

 

ОПШТИНА БЕРОВО         

ВИД НАГРАДА ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ
ПРАВОСМУКАЛКА 009611
ТЕЛЕВИЗОР 009849
ЛАП ТОП 009718

 

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА  

ВИД НАГРАДА ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ
ПРАВОСМУКАЛКА 008068
ТЕЛЕВИЗОР 007825
ЛАП ТОП 008078

 

ОПШТИНА БОГДАНЦИ  

ВИД НАГРАДА ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ
ПРАВОСМУКАЛКА 010704
ТЕЛЕВИЗОР 009025
ЛАП ТОП 010715

 

Токму во овој убав празничен период, Елколект внесе дополнителна радост. Најрадосни беа сопствениците на извлечените наградни купони кои присуствуваа на извлекувањето и веднаш си ги подигнаа наградите.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.

el33

За Елколект

Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање.Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.

x

Check Also

Виталиа се продава во луксузните супермаркети во Дубаи

Дубаи или „престолнината на луксузот“, како што популарно го нарекуваат овој град ...