Еми Норис нова колекција на фанки накит

 

Фотосесијата за модниот едиторијал е направена во соработка со Даниела Ѓуровска и Александра Трпеска од модниот блог FashionLab DNA.

emi7

Колекцијата е наменета за бунтовните, урбани девојки и жени  кои не се плашат да бидат свои и да  ги поместуваат границите .

emi 1

Инспирирана е  од  обувките и врвките , како симбол на постојано движење,патување, акција и желба за  промени.

emi 6

Преку оваа колекција дизајнерката  го поставува прашањето:  Кога модниот додаток престанува да биде додаток и ја презема водечката улога во модниот израз? Оттука е и насловот на колекцијата Crossover  или Премостување, во смисол премостување на модниот додаток  во друга модна категорија, но и има за цел да ги помести границите на накитот како моден додаток .

emi 2

Колекцијата накит, која се состои од 25 рачно изработени парчиња, ќе биде изложена на саемот за современа уметност и дизајн Паратисима во Младинскиот Култрен Центар од 12-ти до 14-ти  јуни, а потоа накитот ќе биде изложен во Концепт 37.

emi 8

x

Check Also

Направете сами весели алки за ова лето

Наместо да купувате, направете си сами весели алки за ова лето. Еден ...