Ен Еверс, современата Брижит Бардо е совршена Манго девојка

Супермоделот Ен Еверс (Ана Еверс, родена во 1993 во Германија), која можевме да ја видиме во модните кампањи на повеќе од 60 дизајнери, меѓу кои и Александар Ванг и Москино, но и во календарот Пирели 2015, е совршена Манго девојка.

e5

Со оглед на инспирацијата од 70-те години која доминира во пролетната колекција на шпанскиот популарен бренд Манго, изборот на Ен Еверс е совршен.

Еверс позира пред објективот на Џош Олинс и ја претставува пролетната Манго колекција која изобилува со супер модни парчиња во пастелни нијанси.

Еверс беше откриена од Александар Ванг кога дизајнерот ја видел нејзината фотографија на еден блог и побарал „да се најде оваа девојка“. За време на модните недели пролет/лето 2014 таа се појави дури на 37 модни ревии, вклучувајќи ги и оние на Долче и Габана, Прада и Алекдандар Ванг. Често ја гледаме на страниците на Вог Париз, а годинава ја красеше февруарската насловна страница.

Според многумина таа е современата Брижит Бардо.

e2

x

Check Also

Топли џемпери од New Yorker за сите комбинации

Изгледајте шик и во најстудените денови од годината со плетените модни парчиња ...