Енгр, опсесивен трагач по идеалната убавина

Се смета за еден од последните сликари на неокласицизмот, а со неговата смрт умре и овој правец. Мајстор на прецизното сликарство и исклучителен портретист, важи за икона на културниот конзервативизам на 19 век. Познат е по опсесивната потрага за идеална убавина.

e1Жан Огист Доминик Енгр ,  роден во 1780, во Монтобан во Франција,уште како дете бил во контакт со сликарството во ателјето на својот татко, сликар минијатурист, кој љубовта кон уметноста ја пренел на синот. Енгр ги копирал сликите и уште на таа возраст ја покажувал љубовта кон портретот. Со само 11 години, во 1791, се запишал на Академијата за уметност во Тулуз. Во текот на студиите ги постигнал и првите успеси, освоил неколку награди, а во 1796 и гран при за сликарство. Сепак одлучувачкиот чекор во животот на овој уметник е неговата селидба во Париз, 1797 година, каде почнува да работи во студиото на сликарот Жак Луј Давид. Ова студио, кое се сметало за водечко во текот на Револуцијата и подоцна во ерата на Наполеон, привлекувало многу уметници од цела Европа, а во времето на доаѓањето на Енгр станало и вистинска арена за пресметка меѓу политичките и естетски погледи на уметноста. Наскоро, во 1801 година, Енгр ја добива наградата која подразбирала и стипендија за студирање во Рим во Вила Медичи. Во Рим доаѓа во 1806, и таму ги проучува старите мајстори, а се издржува со портретирање на важните личности во градот. Почнува да слика капачки, подоцна тие ќе му станат и омилена тема. По завршувањето на стипендијата останува во Рим, а се издржува од цртање портрети со молив на членовите на француската колонија. Набргу добива и две важни нарачки за сликање на палатата на Наполеон во Рим. Се жени во 1813 година со Мадлен Шапел, со која има долг и успешен брак.

e3

По падот на француската управа во Италија, во 1815 година, Енгр е принуден неколку години да живее исклучително од портретирање, а во 1820 се сели во Фиренца, каде добива нова нарачка. Од 1824 по успехот на парискиот Салон, Енгр се враќа во Париз, а наредната година ја добива и Легијата на честа. Истата година го одбираат во Француската академија на убави уметности. Отвора ателје во денешната улица Висконти. Програмското дело на неокласицизмот „Апотеоза на Хомер“ Енгр го слика во 1827. Сликата таа година на Салонот е прикажана со сликата на Ежен Делакроа.

e4

Во Париз останува сè до 1834, кога поради кавгите во Салонот повторно се враќа во Рим, таму станува директор на Вила Медичи и професор по сликарство, кој ќе ја унапреди работата на училиштето во следните седум години. Од 1845 прави серија на исклучителни портрети, меѓу кои и првиот портрет на виконтесата Досонвил, а на секој од овие портрети работи неколку години.

Смртта на сопругата во 1849 тешко ја поднесува, но неколку години подоцна, во 1852, уште еднаш се жени, со Делфина Рамел. Иако веќе бил во сериозни години продолжил да работи со полна пареа. Тие години ја насликал и една од најпознатите слики „Турска бања“.

e5

Енгр починал на 4 јануари 1867 година во својата куќа во Париз, а погребен е на гробиштата Пјер Лашез. Починал како почитуван, познат и богат уметник, кој имал големо влијание на сликарите од помладата генерација. Пред смртта оставил голем број слики и цртежи на својот роден град Монтобан, каде што денес се наоѓа музејот што го носи името на овој голем сликар.

С.Спасиќ

 

x

Check Also

Најфраерските влечки за ова лето

Не ги носиме на плажа, бидејќи се толку шик што сакаме што ...