Есенската колекција на „Алшар”: Сложувалка

„Името Сложувалка се наметна од идеата и потребата да направам една комплетна колекција која ги содржи сите делови од женската облека кои воедно можат меѓусебно да се комбинираат и надополнуваат“, објаснува креаторкта Силвија Михајловска.
alsar 1
„Инспирацијата ја добив од модната блогерка Блер Еди чии беспрекорни модни комбинации се најблиску до мојот сензибилитет на работа. Колекцијата содржи уникатни парчиња со силен личен печат давајќи посебност и можност да се имплементираат во индивидуалниот стил на жената што ги носи“, додава Силвија.  
alsar 4
Посебноста на оваа колекција се истакнува и во спојот на рачно плетени апликации кои ги има на некои од
моделите (типични мотиви од нашиов простор) со глобалните модни трендови.
alsar 6
Колекцијата содржи фустани изработени од волна, памучен брокат и жоржет, широки панталони од волна, панталони-килоти, плетени фустани, џемпери и топови..во бои актуеелни оваа сезона бордо, марсала, розева и нијанси на сива…
„Како и сите мои колекции и оваа ќе се надополнува постојано во периодот што следи со капути, понча, кошули…изработени од кадифе, твид, букле..така што постојано ќе има нови парчиња од оваа сложувалка, а во декември следува зимската колекција. Фотосесијата е направена во моето ново студио за работа со прошорениот тим на Алшар и мојот ексклузивен модел Маја Илиоска“, објаснува дизајнерката. 
x

Check Also

Последни цени во продавниците на Fashion Group!

Од 15-ти до 22-ри февруари во продавниците на Fashion Group започнува кампањата ...