Есенски маски за лице од грозје

Поради витамините кои ги содржи и вредните состојки кои ја чуваат убавината на кожата, грозјето често се наоѓа во козметичките производи. Полифенолите присутни во семките на грозјето ја заштитуваат кожата од различни штетни влијанија и значително го забавуваат природниот процес на стареење.

Полифенолите во комбинација со останатите состојки во грозјето ја поттикнуваат циркулацијата и ја чуваат природната еластичност и влажност на кожата, правејќи ја нежна, мазна и со свеж изглед. Дополнително успешно ги забавуваат или бришат првите знаци на стареење и ја затегнуваат кожата.

Маска за ревитализација

Помешајте филџан сок од грозје, лажичка мед и малку брашно, а доколку имате сува кожа додадете и лажичка павлака. Нанесете ја маската на чисто лице, на вратот и деколтето, и оставете добро да се впие во кожата половина час. Потоа, отстранете ја маската со млака, па ладна вода, за подобар тонус на кожата.

Маска против бори

Изматете 1 јајце и помешајте го со лажица слатка павлака, половина филџан сок од грозје и една лажица шеќер од грозје (кој се продава во продавниците за здрава храна). Додадете малку брашно за смесата да добие густина. Маската нанесете ја на чисто лице и држете ја половина час, а потоа отстранете ја со топла вода.

Маска за свеж изглед

Изгмечите неколку зрна грозје и додадете лажица павлака и малку брашно. Се добро измешајте и нанесете маска за лице, држете ја околу 15 минути па отстранете ја со млака вода.

x

Check Also

Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени

Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи ...