Фитнес калкулатори: Пресметајте ја вашата идеална телесна тежина

Еве три калкулатори кои меѓу другото ќе ви помогнат да ги одредите вашите диети.

BMI – да видите дали вашата тежина е соодветна на вашата висина
BMR– ќе ви покаже колку калори дневно се потребни на вашиот организам во мирување
DCI– кој ќе ви покаже колку калории ви требаат дневно за одржување (намалување или зголемување) на тежината зависно од тоа колку сте активни.

Препорачуваме да ги користете внимателно и во консултација со стручно лице.
Тука е и листата на некои производи кои секојдневно ги употребуваме со податок за бројот на калории кои го содржат.

BMI(Body Mass Index) калкулатор

Внесете ги вашите податоци

Висина(cm):
Тежина(kg):


Вашиот BMI индекс e:

 

Појаснувања и толкување на резултатите

BMI индексот е показател за ухранетост кој се пресметува врз основа на висината и тежината и се однесува на лица над 20 години. Овој показател не ја зема во предвид телесната градба, па неговата употреба е ограничена. Тој не ги зема во обзир мастите, мускулната или коскената маса. На пример кај атлетски градените лица, кај кои тежината е поголема поради поголемата мускулната маса, не значи дека тие спаѓаат во групата гојазни луѓе. Сепак BMI индексот се користи како добра медицинска и статистичка мерка за ухранетост.

Во табелата е прикажана препорачаната категоризација според пресметаниот BMI индекс

Толкување BMI индекс
Под нормална тежина. Неухранетост.
Помалку од 18.5
Идеална тежина
18.5–24.9
Прекумерна тежина
25.0–29.9
Блага гојазност
30.0–34.9
Голема гојазност
35.0–39.9
Екстремна гојазност
40.0 или повеќе

BMR(Basal Metabolic Rate) калкулатор

Внесете ги вашите податоци

Пол: Женски
Машки
Висина(см):
Тежина(кг):
Возраст(год):


Вашиот BMR e (Кcal):

 

Појаснувања и толкување на резултатите

BMR е показател за дневно потрошена енергија (калории) во мирување. Кога телото е во мирување, енергијата ја трошат виталните органи за функционирање на организот (срцето, белите дробови, нервниот систем и тн.). Најприфатен модел за пресметување на оваа енергија е моделот на Херис-Бенедикт, дефиниран на почетокот на 20 век, а пресметката се врши врз основа на 4 параметри: пол, висина, тежина и возраст на лицето.

Моделот е општо прифатен иако може да се јават големи разлики од лице до лице. Разликите се воглавно поради различниот метаболизам кај луѓето како и од различната телесна градба (различен процент на масти и сл.), па ова треба да се има во предвид кога се користи оваа метода.

BMR показателот е тесно поврзан со пресметката за Дневен внес на калории (DCI).


 

DCI(Daily Calories Intake) калкулатор

Внесете ги вашите податоци

Изберете ниво на активност:

Пол: Женски
Машки
Висина(см):
Тежина(кг):
Возраст (год):


Вашиот DCI e (Kcal):

 

Појаснувања и толкување на резултатите

DCI (Daily Calories intake)е показател за дневно потребен внес на калории, за одржување на тежината, во зависност од нивото на активност. Кога телото е во мирување, енергијата ја трошат виталните органи за функционирање на организот (срцето, белите дробови, нервниот систем и тн.). Но, со зголемување на активноста, од лесни поретки вежби, па до тешки секојдневни вежби, бројот на потребни калории за одржување на телесната тежина, се менува.

И тука се користи моделот на Херис-Бенедикт, а пресметката се врши врз основа на 5 параметри: пол, висина, тежина, возраст на лицето и нивото на активност. Моделот на Херис-Бенедикт е општо прифатен, иако може да се јават големи разлики од лице до лице. Разликите се воглавно поради различниот метаболизам кај луѓето како и од различната телесна градба (различен процент на масти и сл.), па ова треба да се има во предвид кога се користи оваа метода.

Пресметката се користи за контрола на тежината, и се заснова на фактот дека со зголемување на активноста се трошат повеќе калории. Така, доколку дневната вредност на калориите кои се внесуваат преку храна и течности, е помала од пресметаната – се губи тежина. Доколку пак се внесуваат повеќе калории од пресметаните – се добива во тежина.
На пример за да изгубите половина килограм за една недела, потребно е секој ден да внесувате 500 калории помалку.

НАПОМЕНА: Не се препорачува скратување на повеке од 1000 калории дневно (т.е. губење тежина повеќе од еден килограм неделно), затоа што тоа може негативно да влијае на здравјето. Најдобро е да се намалува тежината со зголемување на дневната активност и со постепено зголемување на калориите кои ги скратувате во дневната исхрана.

 


Калории во вообичаени пехрамбени артикли

Млеко и млечни производи Kалории/100гр.   Леб  и житарици Kалории/100гр.
Сирење кравјо 370 Леб пченичен бел 240
Сирење овчо 380 Леб пченичен црн 220
Сирење козјо 320 Мусли просечно 310
Младо сирење/урда 95 Паста (нормално варена) 130
Крем сирење 310 Проја 280
Пармезан 390 Компири (варени) 80
Моцарела 230 Компири (печен) 100
Кашкавал 390 Ориз (бел, варен) 130
Кајмак пономасен 570 Месо и риба Kалории/100гр.
Млеко полномасно 64 Сланина сува просечно 700
Млеко средно масно 50 Говедско (печено) 280
Млеко безмасно 38 Јагнешко (печено) 300
Јогурт полномасен 60 Свинско (печено) 290
Јогурт безмасен 40 Пилешко 150
Јајце (од кокошка) 160 Мисирка 160
Овошје и зеленчук Kалории/100гр. Шунка 240
Јаболко 40 Пастрмка 120
Ананас 51 Лосос 180
Банана 79 Шкампи 100
Портокал 35 Безалкохолни пијалоци Kалории/100гр.
Лимон 20 Газиран сок просечно 50
Грозје бело 60 Сок од ананас 53
Грозје црно 55 Сок од портокал 51
Јагоди 35 Сок од боровница 45
Смоква 41 Сок од јаболка 47
Кајсија 50 Сок природен лимон 34
Киви 40 Сок природен портокал 45
Праска 35 Сок природен грејпфрут 31
Крушка 30 Вода 0
Лубеница 21 Алкохолни пијалоци Kалории/100гр.
Диња 25 Пиво 43
Авокадо 160 Вино бело трпезно 85
Марула 15 Вино црвено трпезно 80
Брокула свежа 33 Шампањ 84
Краставица свежа 14 Ракија 50% 330
Морков (варен) 40 Виски 42% 240
Спанаќ (варен) 24 Виски 40% 232
Домат свеж 19 Слатки Kалории/100гр.
Пиперка свежа 20 Шеќер 390
Печурки (шампињони) 16 Мед 320
Печурки (вргањ) 25 Чоколада просечно 515
Лешник сув 650 Сладолед просечно 200
Бадем сув 560 Баклава 360
x

Check Also

Пијалак од 9 состојки -најдобар согорувач на масти

Ако не сакате да јадете зеленчук, природните сокови се одличен начин за ...