Есктравагантен шопинг на Дин и Френк

Дин беше вистински џентлмен и точно знаеше што сака кога купува. Френк пак, беше тотална спротивност на неговиот пријател. И никогаш не се фаќаше за паричникот. 

frenk i din 2Париз, 60-те години. Ѕвони ѕвончето на ателјето Берлути и пред вратата стојат двајцата: Дин Мартин и Френк Синатра. Првиот е дојден традиционално, да си нарача два чифта мокасини. Вториот е дојден да види што купува пријателот.

Дин секогаш носеше чевли по мерка, секогаш го нарачуваше и истиот модел. Мокасини со реси. Потпетиците мораа да бидат високи и малку заоблени. Што се однесува до бојата, сакаше само две бои: костен кафени за преку ден и темно црни за навечер. Но, најважен детал беа ресичките. Всушност, Дин бараше чевли на кои хаосот изгледа како совршена класика. Сакаше совршени ресички и точка. Креаторите многу се мачеа околу нив изработувајќи ги рачно.

„Лично јас го познавав Синатра само од филмското платно. За мене тој беше шерифот од „Рио Браво“. И одеднаш, ми стои тука, пред носот. Се наоѓаме сите на горниот кат од ателјето… И двајцата се подбиваа, се закачкаа, си префрлуваа и се кошкаа. Ми личеа на две мали деца“, забележува Олга Берлути.

Му ги покажува чевлите на Дин. Тој веднаш одговара дека се совршени и frenk i din 3не сака ниту да ги проба. Дин го убедува пријателот да си избере чифт чевли. Синатра задоволно се насмевнува, но веднаш реагира, го бара сопственикот на ателјето за да се „погодат“ околу цената. Сопственикот доаѓа и лично му зема мерка. Овој ритуал му изгледа забавен на Френк. Тој е веќе на седмо небо. На крајот прашува кога ќе му бидат готови неговите чевли. Дин Мартин му се потсмева – „за една година, стар мој. Се работи за чевли по мерка, Френк! Толку ли не разбираш?“.

Синатра станува многу сериозен. Лицето му станува црвено. Бесен е што не може веднаш да си ги земе чевлите. Тој бара со новите чевли да излезе веднаш од продавницата. За разлика од него, Дин е човек кој го сака и почитува луксузот. Сака кафени мокасини со пораб за преку ден и црни мокасини без пораб за навечер. Првите со необични и неправилни ресички, вторите со класични ресички. Подготвен е да чека цела година за да ги добие, зашто најважно му е да се совршено направени. А Френк? Тој е човек кој ја сака модата. Во неговите очи, по една година сите најмодерни денешни чевли му изгледаат демоде. Ги сака веднаш!

Кога ќе погледнете некој филм со него ќе ви стане јасно – тој целиот е претворен во мода! Тој не ја следи модата туку ја фаќа во лет. Всушност, фаќа само делови од неа. Панталоните му се прекуси, рамениците му се прешироки од потполнките, а чевлите му се секогаш како за некоја друга пригода.

Дин Мартин е непогрешлив: совршено средена коса, совршен костум по мерка исто како и чевлите, лицето му е негувано па ви изгледа дека овој човек не старее. Тој е за секое време, како Џемс Бонд.

„Смири се Френк – му вели Дин на пријателот- и разбери веќе еднаш дека за добри чевли по мерка треба време за да се направат. Тие се како една катедрала. Но ти тоа не го знаеш, нели? Ти си навикнат се’ да добиеш веднаш, а тука и луѓето како нас чекаат цела година“.

Сега Синатра е веќе тажен. Ама и чевлите што ги носи, и тие изгледаат тажно. Извалкани се, прешироки се за неговото стопало. Сепак, моделот му е последен хит.

frenk i din 4

„Една година подоцна, татко ми кој беше сопственик на фирмата не даваше бесплатно чевли на никого. Дури ни на еден Френк Синатра. Ме гледаше од аголот намуретно, како да сакаше да ми каже „наплати му“. Дин Мартин се фати за паричникот и извади пари за двата чифта. Синатра и понатаму не реагираше“, забележува Олга.

За Синатра беше нормално никој да не му наплатува. Сега пак, очигледно радосен го симнува стариот чифт од нозете и ги облекува новите чевли. Замолува да не му се пакуваат старите, нека се фрлат! Се заблагодарува и веќе е подготвен да си замине. Дин уште еднаш се фаќа за паричникот. Го отвора и вади пари за чевлите на неговиот пријател.

„Дозволи ми јас да те почестам драг мој Френк“, му се обраќа.

Сепак, ателјето го части. Френк и Дин влегуваат во убавиот автомобил и на миг застануваат. Минувачите зјапаа во нив, луѓето висеа на балконите и прозорците да ги видат боговите кои одат по земјата. Далечни и недопирливи, ѕвезди. Синатра излезе од автомобилот. Уште еднаш ги погледна новите чевли и во знак на благодарност почна да степува. Потоа и да пее „О, соле мио“. Тоа беше неговиот начин да се заблагодари.

„Никогаш повеќе не го сретнав. Никогаш повеќе не се врати во нашата продавница. Дин пак, го гледав секоја година. Тој задолжително еднаш годишно купуваше чевли кај нас. Не бараше попусти, плаќаше веднаш, не сакаше да чуе да биде почестен. Се изненадив кога, многу години подоцна, една година пред да почине, ја видов чудната нарачка пристигната од Америка на која пишуваше „ Сакам од оние чевлите, црни со ресички, оние убавите кои еднаш ги носев…Ма вие знаете какви сакам!“, забележува Олга.

На нарачката беше потпишан Френк Синатра. Сопственичката на ателјето возбудено го зема листот и го носи кај својот татко. Тој пак, се задлабочи во напишаното. Се насмевна под мустаќ, а потоа стана видно сериозен. Го зема пенкалото и пречкрта: одбиено! А на дното на листот допиша на италијански јазик: „кој ќе ги плати овие чевли?“.

Ј.К, М.Б.

x

Check Also

MANGO Committed – нови дизајни од Манго направени од рециклирани материјали

Шпанскиот моден бренд MANGO вклучи еколошки практики во својата нова колекција. Линијата ...