Ги сакате ли розите? Тогаш ќе се вљубите во сладоледот од рози

„Ги сакате ли розите? Сега ми изгледа дека сите рози во светот цветаат за Вас и благодарени на Вас“ (Рилке до Лу Саломе, Минхен, 3 јуни, 1897).

rozi234

Кога последен пат сте напишале и испратиле некому писмо? Разбираме, не морате…, би можеле да испратите рози на подеднакво оригинален начин. На пример, со еден сладолед од рози.

За да го подготвите романтичниот сладолед од рози потребно е:

2 црвени рози, 1 литар млеко, 8 јајца, 250 грама шеќер, 1 ќесичка цимет.

Подготовка

Ставете го млекото во лонец, искинети ги ливчињата од роза, измијте ги и исечкајте ги, потоа додадете ги во лонецот со млеко. Кога млекото ќе почне да врие, тргнете го лонецот од оганот и со цедилка претурете го во друг лонец. Додадете половина од шеќерот и циметот и добро измешајте со лажица, па ставете го лонецот на веќе загреаната рингла и продолжете да мешате се додека смесата не стане густа, а потоа лонецот тргнете го од оганот.

Одделете ги жолчките од белките на јајцата. Жолчките ставете ги во сад за матење , додадете го преостанатиот шеќер и матете со миксер додека шеќерот не се стопи. Изматените жолчки додадете ги во лонецот со изладеното млеко со цимет и мешајте со лажица за матење.

Вратете го лонецот на оган и со лажица мешајте се додека смесата не стане густа. Смесата претурете ја во подлабок сад и продожете да мешате за побргу да се олади. Ставете го садот во замрзнувач.

Сладоледот сервирајте го декориран со листови од роза.

 

x

Check Also

Венчаници 2017: Најубавите модели од луксузните модни марки

Од сирена-модели, со отворен грб и гламурни, до едноставни и минималистички, во ...