Годините се само бројки

Трендот на форсирање на познати зрели жени во филмската, модната и козметичката индустрија, е многу охрабрувачки за огромен број на „обични“ жени кои одамна ги поминале своите 30-ти, и се борат да докажат дека сеуште и тоа како, се убави.

mo1

Веста дека сексапилната 50-годишна глумица Моника Белучи е избрана за нова Бонд-девојка и дека таа е всушност постара од Даниел Крег е нешто што треба да се прослави. Оваа вест пристигна веднаш по најавата дека Џулија Робертс, која има 47 години, ќе биде лице на кампањата на Живанши за пролет 2015 година. Потоа, тука е прекрасната 60-годишна Рене Русо во моментов актуелна како партнерка на 33-годишниот Џејк Џиленхол во „Nightcrawler“.

mo 2

Има нешто во воздухот …Можеби, тоа е резултат на истражувањето дека поголем  број љубители на филмот не се „во цветот на младоста“. Или дека главни купувачи на луксузна козметика се всушност жените над 40 години. Но, веруваме дека не е се и до ова истражување на пазарот.

Рене Русо

Рене Русо

Жените во своите 40-на, 50-на или  60-тина години се поактивни и поатрактивни од оние, на иста таа возраст, од минатите генерации. Ова се должи и на начинот на живот, здравата исхрана, грижата за здравјето и телото, физичката активност, слободноста на избор, финансиска независност…Добро, и на малку козметичка хирургија.

Како и да е, ваквиот избор на форсирање на зрели жени е многу охрабрувачки за огромен број на „обични“ жени кои одамна ги поминале своите 30-ти, и сеуште се борат да докажат дека и тоа како, се убави.

 

Ен Бакрофт

Ен Бакрофт

Сетете се само на Ен Бакрофт. Таа имаше само 35 години кога ја играше улогата на госпоѓа Робинсон во филмот „Дипломец“и беше претставена како „постара жена“. А Дастин Хофман не беше нешто многу помлад од неа, со своите 29 години, „студентски“. Филмот беше снимен пред 50 години (филм од 1967 година), а во тоа време, претпоставувате веќе…35-годишна жена значеше средовечна.

 

x

Check Also

Убавината е минлива категорија. Стил, е тоа е веќе нешто!

Во облекувањето, во однесувањето и воопшто, во животот, велиме дека некој има ...