Најзначајниот музички настан Греми и годинава ги собра на едно место музичките ѕвезди, а црвениот ќилим беше местото на кое се покажаа модните трендови.
Освен неколкуте перформанси на бината кои долго ќе се паметат, ќе останат запаметени и неколку фустани со кои ѕвездите продефилираа на црвениот ќилим.
Најголемо внимание привлекоа Сиара, Бијонсе, Рита Ора и Тејлор Свифт.
Минатата година Греми наметна прилично строг дрес-код кој не дозволува претерано разголување, а истиот важеше и годинава, па многумина повторно не можеа да го искористат настанот (како што беше случај во минатото) за промовирање на делови од своето тело.