И Гугл во борба против загадувањето на воздухот со нова услуга на Google Earth

Нова иницијатива доаѓа од компанијата „Гугл“ овојпат насочена во борбата против загадувањето и заштитата на животната средина. Во соработка со компанијата „Аклима“, „Гугл“ ќе ја мери загаденоста на воздухот и ќе ги обележи загадените средини на својата платформа Google Earth.

Инаку, компанијата „Аклима“ е специјализирана во анализите на квалитетот на воздухот, па оттука очекувањата се дека во реално време ќе бидат презентирани точни податоци на Google Earth.

За сега новиот проект на „Гугл“ ќе се аплицира само во Калифорнија, САД, односно ќе бидат „покриени“ околу 161.000 километри.

x

Check Also

Доктор Валентина Крстеска објаснува: Како до трајна загуба на вишокот на килограми

„Неинвазивната липосукција е диетотераписки третман наменет за редукција на телесната тежина и ...