Неговата последна фотографија остана нечкрапната!

Женственоста му беше здодевна, ги сакаше машките жени. Фотографот кој ги расоблече и изобличи сите модели : Хелмут Њутн

Кога Њутн ќе се согласеше да направи нечиј портрет, што ретко се случуваше, сите знаеја дека тој е фасциниран од таа личност

Кога Њутн ќе се согласеше да направи нечиј портрет, што ретко се случуваше, сите знаеја дека тој е фасциниран од таа личност

helmut 7

Славниот германски фотограф Хелмут Њутн загина во сообраќајна несреќа во 2004. во Холивуд. Њутн имаше 83 години, а во Холивуд беше дојден воден од својот инстинкт по добра фотографија. Неговата последна добра фотографија остана – нечкрапната.

helmut 000

Најбараниот и најкритикуваниот фотограф на сите времиња, Хелмут Њутн, трегично го напушти овој свет на почетокот на 2004.година во 83-тата година од својот живот. Иако веќе стар, Њутн фотографираше речиси до последниот ден, а објектот на неговиот интерес не го смени цели 50-тина години: жените.

Многумина се прашуваа зошто неговите жени секогаш имаат „мажествен“, андроген лик, додека тој вака одговараше: „Машката страна – тоа е она што ме интересира кај една жена. Воопшто не ме интересира женственоста, мислам дека таквите жени се многу здодевни!“

Токму заради ваквите смели изјави и фотографии, Хелмут Њутн неколку пати беше остро нападнат од женските организации, но тој отиде до таму што ги „експлоатираше“ дури и овие напади претставувајќи ги женските тела во некои чудни, по малку морничави варијанти. Женомрзецот, како што многумина го нарекуваа, всушност, ги сакаше жените. Во спротивно, не би потрошил половина од својот живот фокусирајќи се само на овој објект.

„Навистина нема нешто што не ми се допаѓа кај жените. Добро, постојат некои типови кои не ми се допаѓаат, но тоа е исто како да кажам дека не ми се допаѓаат Кинезите затоа што имаат коси очи!“-објаснуваше Њутн во едно од неговите последни интервјуа.

helmut 11

Хелмут Њутн беше вистинска космополитска фигура. Роден е во Берлин, како Хелмут Нојштетар, во 1920-та година. Неговите родители беа Евреи. На само 16 години почна да работи како чирак во едно модно студио, од каде потоа го ангажираа како фотограф на тогаш познатото списание „Ива“. Се сели во Австралија, па оттаму пребегува во Сингапур, повеќе од 25 години поминува во Париз, а неговото постојано живеалиште се наоѓаше во градот кој го викаше свое студио: Монте Карло. Таму, на улиците на Монте Карло се направени и најголем број од неговите славни фотографии.

helmut 10

„Можам да направам Монте Карло да изгледа онака како што јас сакам. Светлината е тука прекрасна. Тука работата е многу благодарна, нема метеж и нема сообраќај. Кога сте на пример во Париз, за да стигнете од точка А до точка Б ќе ви треба цело едно патешествие!“- велеше Њутн.

helmut 8

Не сум романтичен, патем и далтонист сум!

Шокантниот стил на фотографирањето ја откриваше и неговата личност. Тој беше ладнокрвен човек, кој повеќе уживаше во скандалите отколку во романтичните мигови. Често изјавуваше: “Сфатете ме веќе еднаш, јас не сум романтичен тип!“ А, и кога неговата неромантичност како главен адут за одбрана кон извитоперените женски тела беше најпосле “проголтана“ како одраз на една тотално неромантична душа Њутн не сакаше да замолчи: Патем, не само што не сум романтичен, туку сум и далтонист!“ Дали се шегуваше кога се потсмеваше дека тоа што не разликува жолто од зелено и зелено од сино е причина за добрите фотографии?

helmut 6

„Фотографот во мене, понекогаш и несвесно ги бележи нештата кои ги гледам. Кога ќе пронајдам нешто што ме фасцинира тоа го репродуцирам во фотографија. Би можел да седам со часови во еден ресторан и да го забележам се она што ми го привлекува вниманието.

Кога Њутн ќе се согласеше да направи нечиј портрет, што ретко се случуваше, сите знаеја дека тој е фасциниран од таа личност: „Не секогаш луѓето на кои сум им правел портрет ми се допаѓале, мислам дека дури повеќе сум ги мразел, но сепак се работи за чувства кои ми биле интересни“ – објаснуваше Хелмут Њутн.

David Bowie, 1982

Никогаш немаше свое студио

До денот на неговата смрт, Њутн беше зафатен и со протокол како на претседател. Имаше неколку секретарки, своја канцеларија во срцето на Монте Карло, повеќе лични асистенти, а да се закаже интервју со него беше речиси и невозможно. Оние кои му беа блиски велеа дека тоа е така бидејќи Хелмут е многу срамежлив човек, а таквите не сакаат да се експонираат во медиумите. Тука беа неговите фотографии да го надополнат, да го претстават, да го кажат тоа што тој сакаше да го каже. И покрај тоа што заработи многу пари и можеше да има колку што ска студија ширум светот, големиот фотограф продолжи да слика по улиците. Дури 80 отсто од неговите фотографии беа направени на улиците во Монте Карло. На секоја од нив градот се гледа во позадината. Ниту кога живееше во Париз, Њутн не користеше студио. Работеше за францускиот “Вог“ повеќе од 25 години и во тој период направи само десетина фотографии во студиото на списанието. Улиците, плажите, градовите му останаа – негово студио, зашто секогаш имаше на ум дека жените кои ги фотографира имаат свое минато, и тоа не може да биде прикажано со бела заднина на ѕидот.

Mannequins, Quai D'Orsay I, 1977

Со неговата сопруга Алис Спринг, со која беа во истата професија, Хелмут остана во брак цели 56 години, а кавгите им беа непозната работа. Таа беше неговиот главен критичар, додека тој ги прифаќаше нејзините совети.

„Мислам дека критичкиот дух на Алис е многу сладок, интересен и многу близок до поентата. Едноставно, таа не е ДА жена“

helmut 2

И покрај дузината најубави жени во светот, „машкоданката“ Алис Спринг остана негова прва и последна муза, барем според последната изјава на Хелмут Њутн.

helmut9

Беше импресиониран од камионите многу пред тие да влезат во мода. Њутн имаше смисол за се’ што ќе стане фешн неколку години подоцна.

helmut 1

Од младите фотографи почитуваше само двајца: Давид Ла Чапел и Ингрид Ван Ламсвирд.

M.Бенети

x

Check Also

Мисицата Ана Трајковска е 5-та на изборот за убавина Miss Humanity 2016

Викендов во Бејрут, Либан, се одржа финалето на изборот за убавина Miss ...