@Home со нов продажен објект

Познатиот бренд @Home по повод јубилејното петгодишно постоење, својот роденден ќе го прослави со отварање на нов продажен објект во Скопје. Лоциран во градскиот парк, во делот на Техномаркет, овој салон ќе биде прилика повеќе за граѓаните кои уживаат и сакаат да го разубават и опремат својот дом со уникатни додатоци и производи од светски познати брендови како што се Zeller, Eurographics, Leifheit, Umbra, Bizzotto, Spirela и многу други.

At-Home-slika 11

По повод роденденската забава, тимот на @Home ги поканува сите граѓани да дојдат и бидат дел од отварањето на новиот продажен објект кое е планирано за во сабота на 21 ноевмри, 2015 година, каде за гостите се обезбедени голем број на попусти и промоции на новите производи од познатите бреднови.

@Home веќе пет години по ред, внесува новости и свежина во домот на многу македонски граѓани, украсувајќи ги нивните спални соби, бањи, кујни и градини. Во зависност од вкусот и желбата на купувачите, @Home располага со голем асортиман на традицонални и модерни додатоци и декорации коишто на вашиот дом ќе му дадат автентичен и карактеристичен животен стил.

x

Check Also

Венчаници 2017: Најубавите модели од луксузните модни марки

Од сирена-модели, со отворен грб и гламурни, до едноставни и минималистички, во ...