Хуманитарна аукција на дизајнерски уникатни торби

 

Утре (1 јули) со почеток во 20 часот во Ракија бар во Дебар маало, ќе се промовира новиот број на списанието Лице в лице, а настанот ќе вклучи и хуманитарна аукција на уникатни торби за лична употреба, изработени од материјал на Кнауф, а дизајнирани од модната креаторка Ирина Тошева. На овие мали уметнички дела свој автентичен уметнички печат ставија и Film, Ruki Chuki, Ind Og, Design and berries, Simovska Design, Омајгад, Txe Мичо, Em Ellephantski, Drash Machka, (Мачка и Драш).
irina 2

„Торбите се изработени од вреќи за гипсен малтер од Кнауф, по мој дизајн, а со помош на корисници на услуги од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари кои поминаа на специјална обука. На аукцијата ќе бидат изложени дваесетина торби исцртани од 10 дизајнери, како и торби кои не се исцртани“, објаснува Тошева.

irina 3

Секоја дизајнирана чанта е уникатна и претставува мало уметничко дело кое може да се носи.

Собраните средства од продажбата на овие торби ќе бидат вложени во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари.

Фото: Томислав Георгиев

x

Check Also

Пролет/лето 2017 во Fashion&Friends: Сезона на бои и различност

  Пролетта во Fashion&Friends е разиграна, разнобојна, динамична и енергична. Колекциите на ...