Интензивни кардио тренинзи за брзо и ефикасно согорување на вишокот масти со Марина Стоилкова Симеонова

„Со аеробик се бавам од прилика исто време колку што сум инструктор. Со аеробикот од поблизу се запознав кога бев студент на Факултетот за физичка култура, таму го проучував малку. Потоа, имав можност да заминам во странство каде што цела година вежбав и учев аеробик од врвни инструктори, од најразлични насоки на аеробик. Кога се вратив тука, продолжив како инструктор по аеробик благодарение на еден наш драг колега кој ми ги отвори вратите на аеробикот кај нас. Така продолжив да работам како инструктор по аеробик до ден денес, затоа што обожувам кога им помагам на луѓето. Во случајов им помагам во остварувањето на нивните желби поврзани со нивното тело“, вака го започнуваме разговорот со нашата соговорничка, професорката Марина Стоилкова Симеонова, инструктор по аеробик во клубот „60 минути“.


marina 7
Ах, да, да не заборавиме. Претходно го „дегустиравме“ вежбањето, на нејзиниот час. И брзо ни „летнаа“ 60 минути аеробик. Поточно, со сласт и страст го „дегустиравме“ аеробикот наречен FULL BODY WORKOUT EXTREME, или во превод – цело тело, екстремни аеробни вежби. Супер ни одеше часот, иако на крајот бевме, така – малку, прилично испотени и папсани. И полни со некоја нова енергија.

И така, со цеден сок од лимон, продолживме да муабетиме со Марина:

Што точно значи програмот за вежбање фул боди?

FULL BODY WORKOUT EXTREME е единствена програма наменета буквално за сите регии, за целото тело. Со оваа програма се овозможува постигнување на саканите резултати за многу краток период и долготрајно одржување на фит тело. Се состои од интензивни кардио тренинзи за брзо и ефикасно согорување на вишокот масти, во комбинациј со body sculpt, tae bo, pliometrikcs, степ аеробик и многу други видови и насоки на аеробик вклопени во секој час. Комбинација од интересни вежби, строго контролирани од стручно лице, пропратени со мотивирачка музика во пријатна атмосфера за брзо и лесно ремоделирање на целото тело. Оваа програма вклучува и совети за правилен и здрав наќин на исхрана за побрзо да се постигне целта и саканите резултати. Практикивајќи FULL BODY WORKOUT на вашето тело ќе откриете мускули за кои не сте знаеле дека постојат.

marina 8

Кои делови од телото најдобро се развиваат и обликуваат со помош на аеробикот?

Аеробикот е активност со која се опфаќаат и активираат сите мусклулни групи и генерално не постои одреден дел од телото што е поактивен од другиот. Иако, со добар тренинг и правилна комбинација на вежби може да се обрне поголемо внимание на одредени мускули за сметка на други, и на тој начин да се обликува телото по наша желба. Јас често велам, возможно е онаму каде што имаме вишок да извадиме, а каде што имаме недостиг пак, да додадеме. И буквално да си го моделираме телото како некој уметник што ги обликува своите скулптури.

marina 6

marina 4

Кому го препорачувате аеробикот за редовна физичка активност?

Аеробикот е активност која би ја препорачала секому, без разлика на полот, возраста, физичката подготвеност, изгледот на телото и тн. Тоа е активност што му дава на телото само позитивни ефекти, освен што е супер за подобрување на изгледот, аеробикот е одличен и за подобрување на кондицијата, силата, флексибилноста, а имаме и многу здравствени придобивки тргнувајќи од подобрување на имунитетот, на работата на кардиоваскуларниот систем, на намалувањето на болките во зглобовите, грбот, кичмата….И уште нешто важно, си го подобруваме расположението и самодовербата.

marina 10

Колку калории согоруваме со еден аеробен час?

Бројот на калории зависи од типот на часот, од претходната физичка активност односно неактивност, од моментната состојба на телото, од количината на мускулна маса и од многу други фактори. Сепак, генерално сметајќи дека освен за време на тренингот, калории се губат и по него, вежбајќи аеробик согорувате од 700 калории и па  нагоре.

marina 2

Каква опрема ни е потребна за да почнеме со аеробик?

За да вежбаме аеробик не ни е потребна некоја посебна опрема. Чисти патики, удобна облека што нема да ни го ограничува движењето и добра желба за вежбање е се што ни е потребно.

Пожелно е да вежбаме боси, или сепак со патики?

Зависно од подлогата. Сепак, патики наменети за вежбање во сала се препорачуваат, пред се за да ги заштитиме колениците и другите зглобови од преоптоварување и од повреди.

marina 12

За колку време практикување аеробик можеме да добиеме „ново“ тело?

Ова ми изгледа дека е најчесто поставувано прашање (се смее). Би рекла, индивидуално е, и зависи од целта која сме ја поставиле, од моменталната состојба на телото, од претходната активност или неактивност, од исхраната….Како и да е, минимумот, би рекла, за телото да почне да ги чувствува благодетите од вежбањето, би бил 2-3 месеци. Но, според мене, не е само важно да се добие „ново“ тело, туку уште поважно е тоа тело да се одржи такво. Е тој временски период да го одржиш телото во форма го знам, за тоа ќе ни биде потребно цел живот (се смее).

marina 9

Како инструктор во клубот 60 минути, со какво искуство на тренер по аеробик дојдовте во клубот?

Како тренер по аеробик имам искуство од преку 10-години активна работа, со неколку месеци пауза кога го родив мојот син, иако морам да се пофалам дека интензивната програма за вежбање ја практикував и во првите неколку месеци од бременоста за потоа да продожам со полесни фитнес вежби за трудници, до крај. Тоа е програма што планирам во брзо време да ја спроведам за сите трудници.

marina 3

Колку се Македонките дисциплинирани во вежбањето?

Многу. И тоа што најмногу ме радува е дека, барем моите вежбачки, како што си ги викам јас нагласено (се смее), се многу редовни и дисциплинирани, и си го практикуваат аеробикот на долги патеки, без паузи, без застанување. Најтешко ми оди да ги дисциплинирам во однос на исхраната, но се обидувам, и тоа давајќи им постојано мали корисни советчиња за здрава и правилна исхрана. Свеста за вежбањето, општо во Македонија, константно расте, што многу ме радува.

 

Букирајте си го навреме вашиот FULL BODY WORKOUT EXTREME тренинг во клубот 60 минути кај инструкторката Марина Стоилкова Симеонова.

pilates

x

Check Also

5 дебели лаги за празничното дебелеење

Празничните трпези на кои се препуштаме за време на новогодишните и божиќните ...