Ирина Митевска: Топ вежба за цврст стомак и совршен задник

Ирина Митевска, сопственик на Powerhouse Pilates, балерина и педагог, не советува со какви вежби полесно да стигнеме до изглед кој пленува на прв поглед. Денешната вежба е одлична за цврст стомак, совршен задник и одлична форма на рацете и нозете.

„Со редовно изведување на оваа пилатес вежба се постигнува цврста, издолжена, вретенеста мускулна градба и грациозен изглед“, објаснува Митевска.

Од реквизити ни се потребни: топка, тегови

irina 4

Митевска: Ја поставувате левата нога на топката, другата нога е на под. Во десната рака земате тег.
Пред да почнете да работите, го затегате телото целосно.
Најнапред, правите движење со раката, наназад и ја враќате во првичната позиција, долу на подот.
Потоа, ја поткревате десната нога, нагоре, до највисоката точка.
Потрудете се ногата да ја задржите на исто ниво, притоа затегната, така направете 4 зигови, што придонесува до ефективно затегнување на задникот, истовремено и до цврст стомачен мускулен корсет.
Ова движење повторете го 8 пати.
Одморете се 10 секунди и истото направете го на другата страна.

Напомена:
Бидете упорни и редовно работете ја оваа ефективна вежба доколку сакате да ги постигнете гореспоменатите резултати.
Вежбата е од програмата на Powerhouse Pilates за напреден степен.
x

Check Also

Мит за слабеењето кој ни е преку глава

Се е дозволено, само во мали дози – е изрека која често ...