Ива Михајловска е победничка на Miss Summer Internatiomal

 

На изборот за Miss Summer Internatiomal кој се одржа на Кипар, победи претставничката на Македонија, 24-годишната Ива Михајловска од Скопје.

mis 3

На овој избор за убавина од Македонија се претставија шест девојки, сите од Модното студио Црнокрак, а дури четири од нив освоија титули. Титулата прва придружничка ја освои Елена Анѓеловска, Мис фотогеничност е Антонија Локвенец, а Мис Персоналити – Билјана Милеска.

Модниот дизајнер Ненад Секирарски беше одговорен за креациите на финалистките, а тој беше и член на жири-комисијата.

mis 5

Miss Summer Internatiomal беше во организација на Аја продукција од Бејрут, Либан.

x

Check Also

Нова колекција од Bershka за музички фестивали и летни журки

По примерот на другите модни марки кои лансираа колекции наменети за фестивалските ...