Избела Роселини открива како и на 65 години може да се изгледа совршено

На 65-годишна возраст, глумицата Изабела Роселини, стана заштитно лице на козметичката куќа Lancôme, а сега и открива како може да се сочува убавината и во зрелата возраст.
Изабела Роселини беше заштитно лице на Lancôme во далечната 1982 година, а сега повторно се врати како лице на оваа козметичка куќа. Во интервјуто за американскиот Вог, глумицата открива како ја сочувала својата убавина.
„Употребувам хидратанта крема уште од младоста, а сега употребувам и крема за очи, крема за лице и крема со заштитен фактор против штетните сончеви зраци“, вели таа.
Понатаму во интервјуто објаснува дека не посетува козметичар, не практикува ботокс ниту други третмани за подмладување.
„Родена сум со деформиран рбет и сум доживеала неколку непријатни и болни операции, па помислата на враќање во болница за друга операција ме плаши“, додава Роселини.
Наместо тоа, Роселини ги сака природните работи. Вели дека и е мило што брендовите веќе не не уверуваат дека жената треба да изгледа младо.
„Родена сум како оптимист, што не значи дека се гледам во огледало и дека се уверувам дека се е нормално. Секако, кога се гледам – го гледам својот средновечен врат и тоа ме излудува. Не се обидувам да го задушам својот внатрешен глас, туку само се обидувам да ги најдам позитивните факти, најпосле карминот сеуште ме украсува!“
Во секој случај оваа прекрасна глумица и денес изгледа подеднакво убаво како и во својата младост и не потсетува дека своето лице треба да го негуваме, но и грациозно да го прифатиме секој неков развоен стадиум.

x

Check Also

Преслатки велигденски украсувања на ноктите

Ова се идеи за украсување на нокти во знакот на големиот празник ...