Изглед на денот: Амал Клуни во жолт фустан на Галијано

Џорџ Клуни не се лути што неговата сопруга му го „краде“ светлото на рефлекторите. Уште од пристигнувањето на Токискиот аеродром, двојката е следена од река од фанови, фотографи и новинари.

amalkluni3

Каде и да се појават заедно во фокус е Амал – дури и жените како да го забораваат најсексипилниот маж на денешницата, кога покрај него е таа. На Џорџ воопшто ова не му пречи, туку напротив – ужива во тоа што неговата избраничка е во центарот на вниманието.

agc1

Џорџ и Амал на премиерата на “Тумороуленд“ во Токио

На премиерата на најновиот филм на Џорџ Клуни (Тумороуленд) во Токио, Амал Клуни блесна  во златниот сатенски фустан кој е креацијата на Џон Галијано (за Maison Margiela). Чевлите од Маноло Бланик и чантичка Булгари (која што, патем, чини 3.500 долари) само го надополнија прекрасниот стајлинг. Накитот е намерно сосема изоставен, а тоа пак го потврдува извонредниот вкус на Амал.

agc2

Амал Клуни во креацијата на Џон Галијано

 

 

x

Check Also

Целосна фотосесија на Ешли Грем за Спортс Илустрејтед

29-годишната Американска Ешли Грем со своите женствени облини повторно привлече големо внимание ...