Изглед на денот: Никол Кидман во цветен фустан Луј Витон

Оскаровката Никол Кидман облечена во фустан со потпис на Луј Витон беше ѕвездата на балот на УНИЦЕФ кој се одржа во хотелот „Четири сезони” во Беверли Хилс.

nikol 99

Со нежна шминка на лицето кое блеска, нежни сандали на нозете, облечена во сексапилна креација на Луј Витон, Никол Кидман го „украде“ настанот.

nikol 11

Синиот светликав фустан со цветови и впечатливи деколте и шлиц беше надополнет со златен ремен и ѓердан.

И фризурата природна, го заокружува изгледот на оваа 46-годишна актерка и убавица за која изгледа дека времето работи за неа.

x

Check Also

Големо враќање на марката GAP

GAP ја претстави новата рекламна кампања инспирирана од стилот на 90-те години, ...