Изглед на денот: Розовиот тесен фустан на Софија Вергара

На годинешното издание на Screen Actors Guild Awards кое се одржа во Лос Анѓелес, глумицата Софија Вергара го „украде“ вниманието на црвениот тепих појавувајќи се во тесен розов фустан, креација на Вера Ванг.

Sofia-Vergara-34

Со разголени раменици, женствено деколте и тесен фустан што ги оцртува облините, Вергара беше ѕвездата на црвениот тепих. Вооружана со широка насмевка, глумицата изгледот го докомплетира со плик-чанта во розова боја, розов кармин и нежна шминка, природно пуштена коса и масивен златен ѓердан.

Sofia-Vergara-37

Розововиот светликав детаљ на бледо-кафените чевли со вртоглава потпетица покажува дека целиот изглед однапред е добро осмислен.

 

x

Check Also

„Украдете“ го изгледот на Сара Џесика Паркер

Памучна кошула, плисирана сукња со миди должина и сандали сосема отворени на ...