Изглед на денот: Џиџи Хадид во цветна креација на Марк Џејкобс

Од модните недели не двојат само неколку денови, но еден од најголемите модни настани за сезонава тукушто се случи. На црвениот тепих на премиерата на филмот Зуландер 2 продефилираа многу интересни личности, меѓу кои и една од најбараните модели на денешницата Џиџи Хадид.

gi 3

Џиџи се појави во цветна креација на Марк Џејкобс, фустан со разголено едно рамо од колекцијата на креаторот за сезоната пролет/лето 2016.

gi 1

И шминката беше идентична на онаа која моделите ја носеа на ревијата на Џејкобс, со нагласена сина сенка на очите наспроти природните усти.  Изгледот е заокружен со впечатлива шнола во косата.

 

 

 

x

Check Also

Големо враќање на марката GAP

GAP ја претстави новата рекламна кампања инспирирана од стилот на 90-те години, ...