Јафа колач од портокал

Брз и вкусен колач идеален за студените денови.

Од намирници потребни се:

За бисквитот-  4 јајца, 200 гр шеќер, 1 дл млеко, 200 гр брашно, 2 дл масло, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за пециво.

За премачкување – мармалад од портокал

За филот – 50 гр шеќер, 1 дл вода, 2 портокали, глазура од чоколада.

Подготовка

Бисквит – Одвојте ги жолчките од белките, изматете снег посебно, а жолчките помешајте ги со останатите состојки за бисквитот. На крајот додадете го снегот од белки и добро измешајте.

Во тава за печење ставете хартија за печење, додадете го бисквитот и печете во загреана рерна на 170 степени околу 25 минути.

Испечениот бисквит малку изладете го, па потоа пресечете го на половина по должината. Едната половина премачкајте ја со мармалад од портокал, а другата половина од бисквитот раскршите ја во друг сад на ситни парчиња, пa прелијте ја со зовриена вода со шеќерот, сокот од портокалите и изрендана кора од портокал. Таквиот фил ставете го врз првиот бисквит.

Колачот на крајот прелијте го со глазура од чоколада и оставете да се излади.

x

Check Also

Превкусно: Тиквички во бешамел сос

Од тиквичките се подготвуваат најразлични вкусни јадења, но овој рецепт навистина не ...