Јована Нешова со нови модни договори: The look of the year

Македонската убавица Јована Нешова беше македонски претставник на изборот The look of the year, кој неодамна се одржа во Сицилија, Италија.

slika 3

„Изборот го организира Јелена Ивановиќ која е сопственичка на модната агенција Модел скаунтинг офис. По престојот во Белград, потоа и во Италија, потпишав договор со The look of the year и Модел скаунтинг офис кои сега ми се матична агенција и мојата кариера сега е во нивни раце бидејќи тие ќе ми бараат агенција која ќе ме застапува на интернационалниот пазар на модели. Особено сум среќна што за станство ќе ме застапува Јeлена Ивановиќ која е воедно одговорна за кариерите на Катарина Ивановска и Елена Реи“, вели Јована.

slika 4

За време на 4-дневниот престој во Белград, Јована имала бројни снимања, а едно од нив е и фотосесијата реализирана за списанието „Ел“.

slika 1

Од Белград, нашата убавица заминала за Сицилија.

„ Од Сицилија имам само позитивни импресии. Благодарна сум на мојата агенција Моделс Ин што ми овозможи да учествувам на тој избор. Имаше 50 девојки од цел свет, многу дружење, фотографирање, шетање и снимања по цел ден. Овој избор ми донесе многу бидејќи запознав луѓе од светската модна индустрија“, додава Јована.

slika 5

x

Check Also

Нова колекција од Bershka за музички фестивали и летни журки

По примерот на другите модни марки кои лансираа колекции наменети за фестивалските ...