Јована Стојменовиќ: Кога има страст ништо не е тешко и никогаш не е здодевно

„Многу луѓе ме прашуваат како можам со години да станувам во пет ипол наутро и секогаш да бидам подготвена за емисија, насмеана, расположена…Одговорот е – страст“, вели убавата водителка Јована Стојменовиќ. 

Страста, или оној силен мотиватор кој прави нашите дела да бидат големи или ниски. Одбивам на страста да гледам на негативен начин, како во религиските учења. Секој од нас во различни животни полиња пројавува силни страсти, но клучно е како дејствуваме под напливот на силната страст, бидејќи човекот како духовно битие може да ја искористи за позитивни, големи и прекрасни нешта. Страста не треба да се банализира или да се изедначува со инстинктот кај животните, таа е многу повеќе од тоа.

jovana 1

Љубовта ми е првата асоцијација кога ќе се спомне страста. Од физичката љубов се раѓа духовната, ретко тој процес оди обратно. Српскиот писател Јован Дучиќ велел дека физичката љубов е единствената искрена љубов, спонтана, од Бога дадена, длабока, неразумна, надразумна, а токму сите сакаме љубов во која нема пресметки. Според мене, најинтензивната страст која човек може да ја почувствува во животот е страста за и во љубовта.

Jovana2

Реализирањето на сопствените амбиции секогаш оди со силно чувство на страст кон она што сакаме да го направиме на професионален план. Во се’ што работам настојувам да ја разбудам страста во себе, секогаш кога е поинаку резултатот е блед, слаб или без страст. А кога има страст ништо не е тешко и никогаш не е здодевно. Многу луѓе ме прашуваат како можам со години да станувам во пет ипол наутро и секогаш да бидам подготвена за емисија, насмеана, расположена…Одговорот е страст.
jovana 5
Малите страсти кон материјалните нешта, како и кај повеќето жени, и кај мене се сведуваат на чевли, часовници, ремени, чанти, кожа, перфеми или парчиња и производи кои само ни помагаат во реализација на многу поголемите и силни страсти во животот.

Недостатокот на страст е она што не тера во лажно уживање во страстите на другите луѓе. Затоа гледаме големи доживувања поврзани со страстите на некој филмски или литературен лик или ги озборуваме оние кои се трудат да ги разбудат и задоволат своите страсти. Добро е да ја задоволиме сопствената исконска потреба страста да не’ мотивира, бранува, понекогаш урива, но прави да се чувствуваме живи.

jovana 4

x

Check Also

Сите страсти на Мелита Ракичевиќ

Страста е чудна ексклозија на чувства, сила која ме движи, која ме ...