Јованка Броз, мајката на југословенската модна индустрија

Нејзиниот патерналистички однос кон југословенската модна индустрија би требал да послужи за пример, а нејзиниот стил за инспирација на сите први дами од овие простори кои почесто ги промовираат светските модни марки, отколку оние од сопствената земја на кои им треба и поддршка и промоција.   

jovanka 13

Јованка Броз беше најголемиот амбасадор на југословенската модна индустрија во светот, немаше неискористена пригода за неа за да ги претстави креациите на поранешните југословенски модни марки, произведени во сеуште младите фабрики, и тоа го правеше со многу стил како гостинка на светските саеми на мода, на претседетелските коктели и вечери, на официјалните и неофицијалните настани.

jovanka 8

jovanka 5

Сепак, и во тие денови некои и забележуваа што таа не носи облека од индустриско производство, која треба да претставува мост меѓу претставниците на владејачката елита и другите граѓани, туку нејзините креации беа скорени по мерка.

jovanka 4

jovanka 3

jovanka 2

jovanka 1

Токму таквите креации, дизајнирани специјално за неа, за многумина не беа добар пример за промовирање на официјалната идеологија на земјата, бескласното општество, туку истакнување на веќе одвоената елитистичка класа.

jovanka 10

И покрај овие забелешки, факт е дека првата дама на Југославија беше „жив билборд“ за промоција на младите модни фабрики и првите креаторски имиња на овие простори, кои гледаа престиж и чест во креирањето на нејзиниот имиџ пред светската јавност.

jovanka 7

jovanka 6

По распаѓањето на Југославија, Јованка која до тогаш беше симбол за гламурната облека, накитот, раскошните фустани и бундите, одеднаш стана симбол на скромноста.

jovanka 11

jovanka 12

Најчесто беше облечена во конфекциски црни фустани, често во комбинација со шал,  кои дополнително ја нагласуваа нејзината пристојност и над се –воздржаност,  но не можеа да ја сокријат и нејзината вродена (или преку еден долг период стекната, па макар и „научена’) елеганција со која зрачеше и во нејзините најсиромашни денови на староста.

J.K

x

Check Also

Мерилин Монро, последен разговор со осамената девојка

Последните интервјуа на Мерилин Монро дадени на новинарот на кој му веруваше, ...