Јовица Тасевски Етернијан: Бев пасиониран нумизматичар, а сега сум колекционер на книги!

Колексионер сум на книги, музички записи,  а од поранешната пасија сочував само неколку антички монети.jovaca 1„Со оглед на тоа дека сум љубител на убавината и мудроста, мојанајголема колекционерска страст, како што може лесно да се предвиди, се книгите и тоа првенствено од областа на поезијата, кои претставуваат најголем дел од мојата лична библиотека, распространета низ сите соби во куќата. Исто така имам голем број книги и од областа на теоријата на книжевноста, историјата на уметноста, естетиката и философијата“, објаснува поетот Јовица Тасевски Етернијан.

И покрај тоа што има неколку интересни странски книги од деветнаесеттиот век, Јовица би сакал да најде и некое оригинално издание од македонските преродбеници или од основоположниците на македонската книжевност, за да вклучи и некоја од тие книги во својата колекција.

„Освен книжевноста, како и повеќето луѓе, ја сакам и музиката, посебно класичната музика, така што имам и колекција од музички записи на различни носачи на звук, компакт дискови, касети и плочи. Пред да се посветам целосно на книжевноста бев пасиониран нумизматичар, но денес од големата збирка што ја имав во деведесеттите години, имам зачувано само неколку антички монети – од Македонија, од републикански и императорски Рим и една монета од градот Драч“, вели Етернијан.

 

x

Check Also

Сите страсти на Мелита Ракичевиќ

Страста е чудна ексклозија на чувства, сила која ме движи, која ме ...