Кафето и вашето лице не се добри пријатели

За љубителите на кафе немаме некои добри вести. Новото истражување вели дека кафето ја иритира кожата и го прави лицето без сјај.

Според новото американско истражување предводено од Џулиен Рајт, кафето и штети на кожата, особено на лицето, ја дехидрира кожата, ја одзема сјајноста, и предизвикува иритации (црвенило) како и предвремено стареење.

Дополнително, сите екстра кремови и шеќер кои ги ставаме во кафето се исто како свесно да си додаваме акни на лицето, а млекото е „најлошото нешто што може да се конзумира ако сакате да имате убава кожа“ бидејќи негативно влијае на производство на себум, а не „натоварува“ со хормони.

Знаеме дека ова се непријатни вести, ама Рајт дава и решение како да се ужива во кафе без да му наштетиме на лицето. Ако е за утеха, сугестијата е да се пие само органско кафе, без шеќер и со кокосово млеко.

kafe 2

x

Check Also

Маска за лице од морков како природен ботокс

Со маската од морков ќе ги отстраните уморот и брчите од лицето, ...