Како авокадото помага во слабеењето: Во која доза и кога за најдобри резултати

Оваа суперовошка е полна со калории, а сепак умерената секојдневна доза на авокадо помага во процесот на слабеење, особено во значително намалување на наталожените масти. Како?

avok 4

Едно авокадо со средна големина има околу 226 калории, што не се малку, а сепак значително помага во слабеењето. Се разбира, треба да го внесуваме секојдневно, континуирано и во ограничена доза. При диетите потребната дневна доза на авокадо е од половина до едно средно авокадо дневно. Иако авокадото е едно од ретките овошја со така високо ниво на масти, добрата вест е дека две третини од тие масти припаѓаат на групата мононезаситени кои се пред се здрави за срцето. Овие здрави масти делуваат поволно на значително намалување на апетитот кога се конзумираат во умерени дози, оттука авокадото е идеално и за сите оние кои сакаат да ослабнат. Мононезаситените и олеинските масти кои ги содржи авокадото дури во 80 отсто, помагаат во уништувањето на абдоминалните масти. Дополнително пак, истите масти го спречуваат и таложењето на масни наслаги околу струкот и на стомакот.

Бијонсе го користи секојдневно во исхраната

Бијонсе го користи секојдневно во исхраната

Уште една состојка важна во авокадото која помага во забрзувањето на процесот на слабеењето е Л-карнитин. Да не заборавиме, тука се и растителните влакна кои ги содржи, што дополнително придонесуваат за регулирање на телесната тежина.

Неодамнешното истражување покажа дека секојдневно внесување на авокадо во исхраната последователно пет недели помага во зачително намалување на холестеролот. Повеќе истражувања тврдат дека само една лажица авокадо дневно помага во намалување на желбата за грицки и дека оние кои секојдневно јадат умерена количина на авокадо чувствуваат дури 40 отсто помала желба за грицки особено во попладневните и вечерните часови.

avok 9

Авокадото на телото му дава дури 20 витамини и минерали кои се важни за контрола на телесната тежина. Меѓу другите витамини содржи и витамин К кој помага во разградувањето на шеќерот. Со тоа што не содржи шеќер ниту јагленохидрати го прави идеална намирница и за дијабетичарите.

Како и кога да го конзумираме при диета за надобар резултат

Ако држиме диета, а не сме физички активни, тогаш ни е доволно половина авокадо и тоа наутро, за појадок. Идеално е да се кобинира со житарки и чаша јогурт или обезмастено млеко, или пак претходно да се истолчи и како намаз да се намачка на кришка интегрален леб. Ваков совршен појадок долго ќе не држи сити и полни со енергија. Секако, наутро може да го конзумираме и во смути, одлично одговара со спанаќ и различен коренаст зеленчук.

Авокадо како намаз

Авокадо како намаз

Доколку го прекокнеме наутро за појадок, може да го конзумираме попладне, за ручек, половина авокадо исечкано во зелена салата. Превкусна ја прави салатата.

Ако сме физички активни пак, додека држиме диета, тогаш е најдобро авокадото да го конзумираме на еден час после тренингот. Во тој случај може да земеме цело авокадо со средна големина. Совршена комбинација за после тренинг прави со јајце.

Авокадо во кајгана

Авокадо во кајгана

Рецептот на јајце испржено во авокадо се подготвува многу брзо и лесно, а може да го прочитате ТУКА.

Јајце испржено во авокадо

Јајце испржено во авокадо

Со оглед на тоа дека авокадото е одличен извор на калциум и магнезиум – клучни електролити за физички активните – со авокадото ќе ги ползуваме оптималните резултати од вежбањето и многу побрзо мастите ќе ги претвориме во мускули.

 

x

Check Also

Природен коктел за детоксикација и слабеење

Важно е коктелот да го пиете наутро пред да појадувате и како ...