Како беа облечени моделите на роденденската забава на Џиџи Хадид

Топ моделот Џиџи Хадид наполни 23 години и со многу стил го прослави својот роденден во Њујорк.

Славеничката беше облечена во блескав, секси „златен“ фустан од Версаче, со мини должина, додека нејзината сестра Бела Хадид, носеше тесен, миди фустан со впечатлив леопард-принт.

Меѓу гостите на роденденската забава беа и Оливија Кулпо, ангелите на Викторија сикретс – Џоан Смолс, Марта Хант, Лили Олдриџ…, братот на Џиџи – Ансвар Хадид со неговата девојка Никола Пелтц и секако, пријателката – Кара Делевињ.

Забавата се случувала во „Brooklyn Heights Social Club“ во хотелот Бруклин Бриџ.

Од тоа што го видовме (преку фотографии), нам најмногу ни се допадна смелиот моден изглед на Оливија Кулпо која на забавата пристигна облечена во син трендовски костум со отворено деколте, односно без градник.

x

Check Also

Обетките и нараквицата кои ги носеше Меган Маркл се достапни во продажба во Картие

Меган Мркл за својата венчавка одбра елегантна, класична и минималистичка венчаница од ...