Како да ги сочувате плетените туники, фустани и џемпери како нови што подолго

Волната е многу удобна и топла за носење во текот на студените денови. Плетените туники, фустани, блузи и џемпери се дел од зимската гардероба, но со оглед на тоа што се чувствителни на перење, на сушење, но и на чување во гардероберот, треба да ги знаеме основните правила како да не ја загубат првобитната убава форма.

djem 1

Тенките плетки се перат задолжитено во памучна ќесичка за да не се закачат за дел од машината или за некое друго парче облека и така да им се извече некој конец.

Потешките плетки не ризикувајте да ги перете во машина, најдобро е да ги однесете на хемиско чистење. Не постои начин масивниот џемпер/туника да ги вратите на првобитната величина ако се намалат при перење.

Кашмирските парчиња облека кои обично се скапи бараат посебно одржување за да ја сочуваат формата. Иако се верува дека треба да се носат на хемиско чистење, сепак кашмирот може слободно да го перете и во машина на програмата за волна, на најниска температура и со благ детергент. Многу е поважно како се чува во гардероберот. Кашмирот не треба да виси на закачалка туку треба да биде уредно здиплен и секогаш закопчан.

Тесните џемпери и фустани треба да се перат почесто. Затоа перете ги на најниска температура и со благ детергент или пак наместо детергент уште подобро е ако користите само омекнувач.

Трикотажата односно плетените фустани кои се многу популани оваа зима никако не ги закачувајте на закачалка зашто ќе се развечат и деформираат.

djem 5

Советот за сите видови на плетки вели дека никогаш не треба да ги сушите ни блиску до некој извор на топлина или пак на радијатор зашто тоа ги уништува, може да ги намали или да ги деформира. Најдобро е плетените парчиња да ги сушите на рамна подлога (маса, на пример), убаво спрострени врз чист пешкир.

За да не се појават грутки и чворови, чешлајте ги вашите џемпери со фина четка за облека и внимавајте секогаш во гардероберот да имате средство против молци зашто тие се најголеми непријатели на волната.

x

Check Also

Есенската колекција на Tom Tailor ни носи бои и оптимизам

Tom Tailor ја претстави есенската колекција, а акцентот е на палтата и ...