Како да ја наместите новата пикси фризура во 5 чекори

Сте носеле пикси фризура, или оваа е првата? Ако сте носеле долго време веројатно сте веќе искусни во местењето особено наутро кога ќе станете од спиење и ќе поглднете неред на главата во огледалото. Но пикси фризурите се толку едноставни и за носење и за местење.

Еве како до совршена пикси фризура во 5 чекори.

Чекор 1 – Прифатете го нередот на главата

kosa 1

Се разбудивте и што да видите – хаос врз главата. Ништо страшно! Прифатете го тоа што го гледате и преминете на следниот чекор.

Чекор 2 –  Нанапред

kosa 2

Префрлете што повеќе од косата нанапред. На тој начин подоцна убаво ќе се дефинираат и наместат потстрижаните агли и прамени.

Чекор 3 – Па, наназад

kosa 3

Потоа вратете ја косата наназад.

Чекор 4 – Измазнете ја од страните

kosa 4

Горниот дел може да остане и бушав и разигран, но од страните убаво е да биде мазна. Префрлете ја зад ушите или само измазнете ја со дланките.

Чекор 5 – Додадете лак/ гел

kosa 5

Најдобро е да ја попрскате со лак, зашто восокот може да ја замрси. Гелот е супер решение но нанесете од него само на патецот, со тоа ќе и да дефинирате и стабилизирате формата.

x

Check Also

Нова линија Mark од Avon со смели и впечатливи мејкап производи

За сите девојки кои шминката ја гледаат како начин да се изразат, ...