Како да се заштитите од плускавци во новите чизми

Обично кога ќе купите нов чифт чевли или чизми, по кусото носење може да се појават плускавци на нозете. За тоа да го избегнете, следете ги следниве 5 проверени совети.

Употребете антиперспирант

Според Women’s Health повеќето плускавци се појавуваат поради испотените нозе. Спрејот антиперспирант ќе го сопре потењето на нозете и ќе ја намали шансата за појавување на плускавци.

Носете ги со два пара чорапи

Проверен метод е кога ќе облечете нов пар чизми да ги носите, додека убаво не се „разгазат“ и обликуваат според вашата нога, со два пара спортски чорапи. Доколку носите хулахопки, тогаш врз нив ставете два пара спортски чорапи (и онака нема да се гледаат).

cizmi 7

Носете ги само наутро

Додека не ја добијат формата на вашите нозе, една недела чизмите носете ги само наутро. Наутро ногата е одморена и не натекува. Отечените нозе се карактеристични во попладневните и вечерните часови, а тогаш новите чизми ни стануваат уште потесни и може да се појават плускавци.

noze 1

Носете ги дома

Можеби звучи малку чудно, но проверен метод за „разгазување“ на новите чизми е, пред да излезете со нив надвор, да ги носите најмалку два-три дена дома. Бидете во новите чизми додека пеглате, додека ја чистите куќата, додека гледате телевизија, дури и додека сте покрај компјутерот.

cizmi 4

Ставете фластери на критичните места

Ако имате почувствителни стапала, и веќе знаете на кои места би можеле да се појават плускавци, многу практично е да ставите фластери на тие места, па дури и на некои есктра позиции. Така на најсигурен начин ќе направите превенција од појава на плускавци.

x

Check Also

Како да препознаете дали купивте природен или лажен мед?

Медот е здрава намирница која ја конзумираме во текот на целата година, ...