Како ја замислувате модата на доцниот 21 век?

Изгледа дека прогресот во модниот свет е побрз од нашите очекувања. Побрз е дури и од футуристичките соништа и скици на модните креатори.

Футуристички модни предвидувања за средината на 20. век

Футуристички модни предвидувања за средината на 20. век

Како ја замислувате модата на доцниот 21 век? Како воопшто ја замислувате модата во периодот од следниве 10 години само?

Веројатно, во тренд ќе биде нешто слично на оние костуми кои ги гледаме во актуелните научно-фантастични филмови.  Наместо шапки, ќе се носат скафандри,или нешто налик на кациги…Наместо „отпечатоци“ на ткаенината, ќе се носат вистински (или мутирани ) животни? Или можеби, во мода ќе биде да се оди гол, како во Градината на Адам и Ева.

И пак сме далеку. Од модата, која е сосема непредвидлива, динамична и брза.

На пример, уште во 1893 година, некои тогашни, да кажеме, модни креатори, се занимавале со темата – мода на иднината. Ама судејќи според скиците кои ги оставиле, тие не ни знаеле дека, во меѓувреме, е веќе роден еден, да кажеме Жан Пато (роден во 1887), кој само малку подоцна ќе ги регрутира  „вонземјанките“ барајќи ги низ светот, за да бидат модели на неговите креации. Тие се витки и високи, за разлика од дамите на скиците (тркалезни Венери) претставени во „Странд“ весникот кои ги претставуваат модните креации на иднината како и на поимот за женска убавина.

moda 3

 

Само четири-пет децении подоцна модната прогноза паѓа во вода, а манекенките и креациите изгледаат, на пример, вака:

Моел во креација на Жан Пато

Модел во креација на Жан Пато, 1954

Да прескокнеме уште три децении само:

modeli 11

И само десет години подоцна:

modeli 12

 

И уште десет години подоцна:

2004 година

2004 година

И уште десет на овие години:

Вог, 2014

Вог, 2014

Затворете ги очите уште еднаш и замислете ја модата на доцниот 21 век.

И не скицирајте ништо.

Ј.К.

x

Check Also

Убавината е минлива категорија. Стил, е тоа е веќе нешто!

Во облекувањето, во однесувањето и воопшто, во животот, велиме дека некој има ...