Како најбрзо и најефикасно да ги отстраниме мастите од стомакот

До рамен стомак е возможно да се дојде, иако сликата од себе која ја гледаме во огледалото малку не загрижува. Со овие неколку совети ќе ги почувствувате резултати уште после првата недела.

stomak 1

Лимон со топла вода

Докажан метод за прочистување на организмот и за најефикасно отстранување на мастите. Лимонадата е прво нешто што треба да се испие по будењето, наутро. За да ја подготвите лимонадата исцедете 1 лимон во чаша топла вода.

Лимон, краставица и нане

stomak 2

Треба да испиете најмалку 8 чаша вода во текот на денот. На тој начин ќе му помогнете на телото полесно да ги согорува мастите. Ако сакате да го зголемите вашиот апетит за вода, направете лимонада од лимон, краставица и нане. Ваквата лимонада е многу освежувачка и помага во борбата против мастите наталожени особено на стомакот.

Исцедете 2-3 лимона, потоа додадете 1 краставица (убаво измиена и неизлупена, исечкана на кругови), додадете и 10 до 12 ливчиња нане. На крајот додадете 12 чаши вода. Измешајте и лимонадата ставете ја во фрижидер да отстои 4 часа пред да почнете да ја пиете во текот на целиот ден.

Минимум 10.000 чекори дневно

stomak 4

Џогирањето или пак, пешачењето се најефикасни наутро. Тие ќе ги разбудат вашите мрзливи мускули и ќе го забрзаат вашиот метаболизам. После вежбањето многу полесно ќе го потрошите појадокот. Трчањето или брзо пешачење 30 минути до 1 час наутро значително ќе ви помогне во реализацијата на целта – рамен стомак. За потсетување, дневната доза на активност за ефикасно губење на калориите треба да биде минумум 10.000 чекори.

Трчање на лента

stomak 3

Трчањето на лента е суперефикасен начин за драстично трошење на калориите. Доволно се само 15 минути дневно ваква активност, со различен интензитет на вежбање. На пример, трчајте на лентата најбрзо што можете 10 секунди, потоа 12 секунди трчајте бавно.

Планк

stomak 7

Најфикасна вежба за рамен стомак е планк. Планкот може да го изведеме на земја, а доколку имаме пилатес топка тогаш би можеле да ја употребиме и топката.

Погледнете ТУКА како се изведува оваа едноставна вежба.

Внесете ги следниве намирници

stomak 10

Променете го начинот на исхрана најмалку една до две недели. Внесете ги во исхраната намирниците кои се најголеми борци против мастите. На листата на најдобри 15 намирници кои придонесуваат побрзо да се ослободите од мастите се наоѓаат – јајце (варени или омлет), бадеми (најмногу шака дневно), маслиново масло (секако, умерено), авокадо (до 1 на ден), путер од кикиритки ( 1 лажица дневно), зрнесто овошје, житарки, зеленчук, чисто месо (варено или печено на скара), зелен чај (до 3 чаши на ден), ѓумбир (како додаток на салати или во лимонадата), лимони, лосос, брокули и туна.

x

Check Also

Polleo Sport најавувa голема акција на попусти на дел од производите

Една година Polleo Sport во Македонија! На 7-ми мај минатата година најголемиот ...